Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се засилува кампањата за и против референдумот
Македонија

Се засилува кампањата за и против референдумот

август 7, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во пресрет на есенскиот референдум за Договорот со Грција се засилува кампањата во Македонија за и против плебисцитарното изјаснување, како и ангажманот на меѓународната јавност која е едногласна во поддршката.

Групата „Охрид“, неформална група што ја сочинуваат актуелни и поранешни политичари и високи меѓународни претставници, која беше формирана во април годинава за поддршка на Република Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ, вчера преку јавно обраќање ги повика граѓаните на земјата да кажат „да“ за референдумот.

„На 30 септември ќе имате можност да направите историски избор. Дали сакате да го отворите патот за членство на вашата земја во НАТО и во ЕУ со поддршка на договорот со Грција? Ние, Групата „Охрид“, ве повикуваме да кажете „Да”, стои во обраќањето.

Во текстот, меѓу другото се посочува дека членството во НАТО нуди сигурносна гаранција, а во ЕУ ќе донесе економски раст, инвестиции, работни места и пристап до европски програми кои ќе го подобрат животот на граѓаните.

„Со членството во двете организации, вие ќе бидете дел од западноевропското семејство на нациите, кои се насочени кон иднината, и тоа е она што навистина е важно за луѓето, а не старите битки и ривалства, кои припаѓаат на историјата. Вашата и грчката Влада преговараа како вистински демократски влади кои имаат длабока почит кон човековите права, владеењето на правото, слободата на медиумите и останатите основни европски вредности. Ова се вредностите што треба да ги поддржувате кога ќе се изјаснувате на 30 септември, вредности кои се основа на ЕУ и НАТО, се наведува во обраќањето.

Поддршка за Договорот изрази и политичкиот аналитичар и поранешниот член на Меѓународната кризна група, Едвард Џозеф кој смета дека Договорот од Преспа заслужува Нобелoва награда, бидејќи создаде нов модел за решавање на меѓународни спорови поврзани со идентитетските прашања.

Џозеф кој е професор на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, вчера појаснувајќи го ваквиот став истакнува дека не станува збор за смешно прашање како што некои го карактеризираа, туку дека е „потребен кураж за да се направи компромис”. Според него, фактот што критиките се исти и од двете страни, „јасно покажува дека постои праведен компромис”.

„Оној што е резервиран треба да го прочита самиот договор и да утврди дека се направени напори да се одржи почитувањето на историскиот приказ на секоја земја. И така имаме едно прашање кое всушност, остана отворено за речиси 100 години бидејќи коренот е уште од времето на Балканските војни, да се затвори еднаш и засекогаш, објаснува професорот во интервјуто.

Во меѓувреме, беше потврдено дека австрискиот канцелар Себастијан Курц, чија земја во моментов претседава со ЕУ, на 7 септември ќе ја посети Македонија, на три недели пред закажаниот референдум за промена на името. Тој уште при последната посета на македонскиот премиер Зоран Заев на Виена, на крајот на јуни, упати апел до граѓаните на Македонија на референдумот да гласаат за новото име „Северна Македонија˝.

Посетата на Курц во Македонија е на покана на премиерот Заев, кој пред референдумот има покането и неколку други европски лидери.

Бојкот на референдумот, пак, најавија триесетина организации кои за таа цел потпишаа Меморандум за стратешка соработка. Тие формираа т.н Кризен штаб за кампањата, кој ќе го предводи Јанко Бачев од вонпарламентарната Единствена Македонија.

Во кампањата се вклучија Христијанско братство, Македониум, Аманет 1903, Трета партија на Македонците, Тврдокорните, ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција и други партии и невладини организации. Ќе ја водат под слоганот „Македонија бојкотира“, а најавија дека ќе ја спроведуваат од врата на врата за да ги убедат луѓето да не излегуваат на референдум.

Kампања против референдумот се одвива и на социјалните мрежи под хаштагот „Бојкотирам“.

Според  Правилникот за подготовка, организирање и спроведување на претстојниот референдум донесен од Државната изборна комисија, надлежен за водење на јавната пропаганда е Собранието на Република Македонија како овластен предлагач на референдумот. Официјално јавната пропаганда стартуваше на 30 јули.

актуелно ана-пам Вашингтон ЕУ македонија НАТО референдум
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.