Турското обвинителство соопшти денеска дека ги истражува наводите за тоа дека семејството на претседателот Таип Ердоган префрлило милиони долари во странствоза да избегне данок, наведувајќи дека постои сомнение во автентичноста на документите што им биле доставени, пренесува агенцијата Ројтерс.
Претседателот на главната опозициска Републиканска народна партија, Кемал Киличдароглу, во понеделникот ги обвини членовите на семејството на Ердоган за префрлање на 14 милиони долари на една компанија на островот Ман, држејќи ги документите за кои рекол дека докажуваат дека трансакциите се извршени, наведува британската новинарска агенција.
Турскиот претседател Ердоган ги отфрли тие наводи како лага, додавајќи дека Киличдароглу „ќе плати за тоа“.
Од канцеларијата на државниот обвинител во Анкара соопштуваат дека е покрената истрага за тие наводи и дека еден службеник од компанијата „Белваи ЛТД“, која Киличдароглу ја именуваше како дестинација на финансиските средства на семејството Ердоган, го оценил документите за лажни.
Обвинителството, исто така, побара од републиканската народна партија да ги предаде сите документи, а заменикот на претседателот на таа партија, Озгур Озел, изјавил дека тие ќе го исполнат барањето на обвинителот, пренесе Ројтерс.







