Утринава, и покрај маглата, од меѓународниот аеродром „Скопје“ полетале шест авиони. Некои од авионите полетаа со мало задоцнување.
Авионот од Истанбул што требаше да слета утрово во 7.55 се очекува да пристигне со еден час задоцнување, како што е најавено на веб страната на аеродромот.
Следното слетување на аеродромот е после 11 часот.
Поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, од саботата вечерта во 20 часот, до вчера во девет часот изутрината беа откажани девет лета, а четири беа пренасочени.
ТАВ Македонија ги упатува патниците да ја следат нивната веб-страница: skp.airports.com.mk, во делот Летови (Заминувања/Пристигнувања), за евентуални промени во редовниот распоред на летови.







