„Москва смета дека протестите во Вашингтон се внатрешна работа на Соединетите Американски Држави, но забележува раскол во американското општество предизвикан од застарениот изборен систем“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Тоа е внатрешен проблем на САД. Но, се е заради нивниот анархичен изборен систем, кој не ги задоволува современите демократски стандарди, правејќи можност за бројни прекршоци, а американските медиуми станаа инструмент за политичка борба“, рече денеска Захарова.
Според нејзините зборови, ова во голема мера е причина за раскол во едно општество, кој сега се забележува во Соединетите Американски Држави.
„На пријателскиот американски народ му посакуваме достоинствено да го преживее овој драматичен момент во сопствената историја“, изјави портпаролката.
Да потсетиме, вчера приврзаниците на Доналд Трамп, кои се собраа во Вашингтон во знак на поддршка, упаднаа во зградата на Конгресот, прекинувајќи го заседавањето на кое требаше да се одобрат резултатите од последните претседателски избори.
Полицијата во справувањето со протестантите користеше солзавец и шок бомби.
Началникот на вашингтонската полиција соопшти дека во текот на протестот во градот биле убиени четири лица.







