Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се одбележа Светскиот ден на лицата со церебрална парализа, раната детекција предуслов за добро заздравување
Во Фокусот

Се одбележа Светскиот ден на лицата со церебрална парализа, раната детекција предуслов за добро заздравување

октомври 6, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Терапија, примање на соодветни лекарства, бањски третмани од областа на здравствените услуги, потоа пристапноста, движењето, ортопедските помагала, натамошното едуцирање и школување се сегменти за кои лицата со церебрална
парализа имаат потреба од значителна поддршка.

Ова денеска го нагласи претседателот на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија–Мобилност Македонија Бранимир Јовановски на настанот за одбележување на Светскиот ден на лицата со церебрална парализа, 6 октомври, кој се организира со цел да се подигне нивото на јавната свест кај граѓаните и институциите на државата за потребите и положбата на овие лица.

„Треба да се знае дека церебралната парализа не е болест. Тоа е состојба која за жал најмногу ги погодува најранливите меѓу нас, а тоа се децата. Ги прати низ целиот живот и не постои ефикасен лек со кој може целосно да заздрават. Меѓутоа постојат одредени медицински, терапевтски методи, ортопедски помагала и други начини со кои може нивната положба значително да се подобри. Секако дека раната детекција е еден од предусловите за побрзо реагирање и поголема можност за нивно натамошно добро заздравување“, рече Јовановски.

Според него, во Мобилност Македонија членуваат 500 лица со церебрална парализа, но нема статистика која е целосната бројка на овие лица во државата.

На настанот се обрати и Милан Живковиќ, советник на премиерот за труд и социјална политика, кој рече дека изминатите три години како Влада цврсто се посветени на подобрувањето на условите за живеење на сите лица, а посебно на лицата со попречености.

„Секако лицата со церебрална парализа се високо на приоритетната листа за кои ги решаваме овие проблеми. Поентата не е само да се одредат една или две мерки кои ќе ги подобрат условите за живот, туку да најдеме еден системски начин како сите лица во државата, посебно лицата со церебрална парализа да функционираат и да бидат
интегрирани во системот“, посочи Живковиќ, посочувајќи дека се работи на регистар за лицата со попречености, во зависност од видот на попреченоста.

Додаде дека една од главните цели на оваа Влада е до крајот на овој мандат, да станеме држава каде сите институции и на централно и на локално ниво ќе имаат пристапност и достапност за сите лица.

„Лицата со церебрална парализа веќе нема да мора да се борат со пристапноста во институции и за таа цел генерално, како Влада,  посветено работиме на        остварувањето на оваа цел“, дополни Живковиќ.

актуелно церебрална парализа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.