Автобус се преврти попладнево околу 15 часот на влезот на Кочани кај хотел „Национал“ и заврши во отвор покрај железничката пруга.
Според првичните информации, повредени се шест лица и итно се префрлени во Општата болница во Кочани.
Автобусот возел на релацијата Штип – Кочани и во моментот на несреќата немало поголем број патници.
Неофицијално, возачот на автобусот се обидел да избегне возило што му го попречило патот, по што поради Увид во несреќата прави истражен судија, а сообраќајната полиција ги пропушта возилата наизменично.






