Зграда на училиште во белгискиот град Антверпен се сруши вчера во текот на градежи работи, а во несреќата загинаа пет и потешко се повредени девет лица, соопштија локалните власти.
После рушењето на објектот, на лице место излегоа екипи на противпожарната бригада и полицијата со специјално дресирани кучиња, кои трагаа по преживеаните и ги извлекуваа од под рушевините.

Од деветмината повредени тројца се на Одделот за интензивна нега и се во критична состојба, а едно лице по укажаната лекарска помош е пуштено дома, соопштија од противпожарната единица.
На местото на несреќата беа белгискиот крал Филип и премиерот на Белгија, Александер де Кро.

Медиумите пренесуваат дека меѓу работниците ангажирани на работите во училиштето имало државјани од Португалија, Романија и Украина.
https://youtu.be/0CTaCjvi5fI
(Фото: „Руетир“)







