Кинески спасувачи трагаат по 12 лица кои исчезнаа откако два кинески брода рано утринава се судрија во Бисерната река, во близина на градот Гуангџуа.
Кинеските власти соопштија дека голем товарен брод полн со песок потона откако во мугрите, на разденување, се судри со брод којшто превезувал челик, пренесува АП.
Од потонатиот брод се спасени две лица, додека 12 морнари исчезнале, а од другиот брод се спасени сите 11 луѓе колку што се наоѓале на него.
Медиумите наведуваат дека спасувачите ја пребаруваат областа со 30 бродови и еден хелихоптер.







