Во силен земјотрес кој денеска го погоди западното крајбрежје на Турција и грчкиот остров Лезбос загина една жена, десетина лица се повредени, а зградите се тресеа од Измир до грчката престолнина Атина
Земјотресот бил со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала.
На Лезбос десетици домови се срушени, а селските патишта поради одрони се блокирани.
Епицентарот на земјотресот кој се случи во 15.28 по локално време бил на 11 километри од селото Пломари на јужниот грчки остров, на длабочина од седум километри.
Земјотресот се почуствувал на островите Самос и Хиос, како и во Атина и на целиот полуостров Атика, но и во Измир и Истанбул.
Во 15.35 часот се случил уште еден потрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер.
Во Турција речиси секојдневно се случуваат мали потреси
Во октомври 2011 година кога земјотрес со јачина од 7,2 степени по Рихтер ја погоди источната турска провинција Ван настрадаа 600 луѓе. Дванаесет години претходно, во 1999 гопдина, во земјотресите на северозападот на Турција настрадаа 20.000 луѓе.







