Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се финализираат активностите околу Протоколот за НАТО
Македонија

Се финализираат активностите околу Протоколот за НАТО

јануари 29, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Привршуваат активностите околу подготовката на пристапниот протокол за членство во НАТО, откако по спроведувањето на процедурата во македонското Собрание, минатата недела Преспанскиот договор помина и во грчкиот Паламент и експресно викендов беше објавен во Службен весник на Грција.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, за Политико Европа, вчера изјави дека пристапниот протокол за влезот на Македонија во НАТО ќе биде потпишан во скоро време.

„Ќе го потпишеме пристапниот протокол во НАТО и тоа можеме да го сториме набрзо. За ратификацијата ќе треба повеќе време, сѐ зависи од 29-те парламенти, рече Столтенберг .

Според него, можно е веќе во текот на оваа недела, амбасадорите на земјите членки на НАТО да го потпишат протоколот, по што Скопје ќе седне на масата. Тој појснува дека тоа значи дека Македонија ќе учествува како земја набљудувач во сите клучни формати на состаноците на Алијансата, но полноправна членка ќе стане само откако сите 29 парламенти ќе го ратификуваат пристапниот протокол. Оваа процедура за зачленувањето на Црна Гора во 2017 година, траеше околу една година, потсетува Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО вчера и писмено го известил министерот за надворешни работи Никола Димитров дека во подготовка е Пристапниот протокол, кој е предвидено наскоро да биде потпишан од страна на постојаните претставници на земјите – членки на Алијансата. Потоа ќе следи и покана до Димитров за присуство на церемонијата на потпишување на Протоколот.

„Со потпишувањето на Пристапниот протокол започнува следната фаза од пристапниот процес, по што следи ратификација на Протоколот во националните парламенти на земјите членки на Алијансата, појаснуваат од македонското МНР.

Инаку, шефот на македонската дипломатија вчера на трибина во Скопје на која присуствуваше и министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкевичиус исто така најави дека Македонија оваа недела или на почетокот на идната ќе го потпише Протоколот за НАТО.

– Оваа недела или на почетокот на идната треба да се потпише Протоколот за НАТО. Потоа тој треба да се врати во грчкиот Парламент на ратификација. Се надевам дека потоа сите наши пријатели, а меѓу првите е Литванија, ќе го ратификуваат Протоколот во нивните собранија. Штом се ратификува во грчкиот Парламент ќе го добиеме столчето во Алијансата. И тогаш стапуваат во сила уставните измени и другите одредби од Преспанскиот договор, рече меѓу другото Димитров на трибината во МНР организирана од Инфо центарот за евроатлантски интеграции.

Тој истакна дека се надева оти министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе присуствува по првпат на состанок на министрите за одбрана на земјите – членки на 13 и 14 февруари во Брисел, а тој како министер за надворешни работи во април на Министерскиот состанок на НАТО во Вашингтон.

Министерката Шекеринска при вчерашната посета на Валандово го искажа очекувањето дека во следните две недели државата ќе седне на своето столче во Алијансата.

„Покажавме дека големите одлуки му носат добро на народот и граѓаните и дека ја отстранивме последната пречка која ја кочеше државата со години и ја добивме практично влезницата во НАТО. Очекувам во следниве две недели Македонија да си го зазаме веќе своето столче на НАТО масата и очекувам тоа веднаш да има позитивни реакции и во домашниот бизнис и во интересот на странските инвестиции, рече Шекиринска.

Шефот на литванската дипломатија Линкевичиус вчера на заедничка прес-конференција со неговиот македонски колега Димитров, увери дека Литванија ќе биде меѓу првите земји што ќе го потпише Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Со тоа, додаде, ќе се овозможи и заокружување на Спогодбата од Вилнус од 2000 година како Декларација за меѓусебна поддршка и солидарност во евроатлантските интеграции, бидејќи Македонија е последната држава од таа група која сега влегува во Алијансата.

Во меѓувреме, и официјален Париз, се приклучи кон ЕУ, НАТО, САД и мноштвото земји кои ја поздравија ратификацијата на Договорот од Преспа од страна на грчкиот Парламент. -Гласањето на Договорот од Преспа е пример за храброст и единство на Европа, напиша францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер.

активности актуелно НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.