Скопскиот Кривичен суд се очекува денеска да ја соопшти одлуката за тоа дали ќе им биде изречена мерката притвор што ја побара СЈО за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, ексминистрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски, во врска со случајот „Титаник“,.
Судот до вчера одби 13 барања за притвор од вкупно 18 што ги поднесе Специјалното јавно обвинителство, а како мерка претпливост им е одземен пасошот на 29 лица.
Меѓу нив се екс директорот на УБК Сашо Мијалков, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерката Елизабета Канческа Милевска, градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски и поранешниот шеф на Петтата управа при УБК, Горан Грујевски.
СЈО најави дека ќе ги обжали досегашните одлуки на Кривичниот суд.







