Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се чека одлуката на Иванов за „27 април“
Македонија

Се чека одлуката на Иванов за „27 април“

април 12, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сé уште е неизвесно дали претседателот Ѓорге Иванов ќе ги аболицира осудените за „27 април“, кои до неговиот кабинетот доставиле барања за помилување. Од „Вила Водно“ не посочуваат кои од осудените лица побарале помилување и како ќе постапат.

Во очекување на потегот на Иванов, премиерот Зоран Заев вчера повтори дека не очекува претседателот на државата да ги помилува лицата осудени за случајот „27 април“, бидејќи не постои таква можност во законот, но и затоа што вакви постапки се забранети за време на изборни кампањи.

„Јасно е како бел ден. Членот 11 од Законот за помилување не постои, тој е укинат и не може да се делува по него. Постапките се водат преку Министерството за правда и тие може да стигнат до претседателот на РСМ, но не може да се водат за време на избори. Тие се забранети постапки, влијаат на изборниот процес затоа што влијаат на самите гласачи. Може да се водат откако ќе завршат претседателските избори. Тие завршуваат на 5 мај, официјалното завршување го прогласува ДИК согласно роковите за жалби и завршните извештаи, а мандатот на претседателот Иванов е до 12 мај, така што не очекувам никаква аболиција од негова страна, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање по оддавањето признание на олимпијците од Спортската параолимпијада во Владата.

Првиот човек на скопскиот Кривичен суд, Иван Џолев вчера на брифинг со новинарите информира дека Судот досега нема добиено никакво барање за аболиција, ниту од обвинет, ниту од осудено лице.

Џолев, во однос на пишувањата во медиумите за можна аболиција од претседателот на државата, рече дека не е добро Судот однапред да се произнесува и да зазема став по нешто.

„Претседателот на државата има право да донесе аболиција и тоа е факт. Ако биде донесена аболиција, Судот тогаш ќе се произнесе и ќе проценува по неа, изјави Џолев.

Според министерката за правда Рената Дескоска постапка за помилување може да се води единствено преку Министерството за правда, а до нив досега не се стигнати барања за помилувања на осудени лица за настаните во Собранието од 27-ми април 2017 година.

Дескоска посочува дека нема законска можност да се води постапка за помилување од страна на претседателот на државата.

„Избришан е членот 11 од Законот за помилување кој претходно предвидуваше таква постапка од страна на претседателот, а и со укинувачка одлука на Уставниот суд во 2016 година тој член не е „оживеан“, односно не постои во правниот систем на државава, објаснува министерката.

Втората пречка, како што додава Дескоска, произлегува од фактот што се распишани претседателски избори, а во тој период не може да се даваат помилувања.

– Министерството за правда откако се распишани изборите не препраќа никакви предмети за помилување до Кабинетот на пртседателот на државата. Во оној момент кога Државната изборна комисија официјално ќе прогласи дека изборите се завршени ќе може да бидат препратени барања за помилување до Кабинетот на претседателот, вели министерката за правда.

За насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, на 15 март годинава на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица.

Највисока казна од 18 години доби поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков.

Мандатот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов истекува на 12 мај годинава. Неговиот наследник треба да се добие по претседателските избори што ќе се одржат на 21 април и 5 мај.

27 април актуелно амнестија потег иванов
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.