„Светската здравствена организација (СЗО) досега ширум светот има дистрибуирано околу 1,5 милиона тестови за коронавирусот, но во иднина можно е да и бидат потребни 80 до 100 пати повеќе за да се задоволат потребите“, изјави денеска претставникот на оваа организација Мајк Рајан.
„Тоа е екстремна анализа, но тоа е заклучок до кој дојдовме“, рече Рајан.
„Според него, СЗО се соочува со нови потешкотии ширум светот во распоредувањето на персоналот и материјалите, вклучувајќи ги и тестовите за коронавирусот и заштитната опрема“, пренесува Тасс.







