Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СЗО: Нема докази дека новата варијанта на коронавирусот е поопасна
СВЕТ

СЗО: Нема докази дека новата варијанта на коронавирусот е поопасна

декември 21, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Светската здравствена организација (СЗО) сè уште нема докази дека новата варијанта на коронавирусот ќе доведе до зголемена смртност, изјави еден од директорите на таа организација, Силви Брајан, за француската телевизија БФМ.

– Вирусите се менуваат и она што се случи сега не е изненадување. Со цел да утврдиме дали мутацијата ќе има влијание врз здравјето на луѓето, ќе мора да направиме дополнителни истражувања во лабораторијата. Во овој момент, не гледаме промена на стапката на смртност, рече таа.

Брајан посочи дека ќе се спроведат и нови истражувања за ефикасноста на вакцината против новата варијанта на коронавирусот, иако засега ништо не упатува дека ќе има разлика во однос на делотворноста.

– Засега изгледа дека новата варијанта на коронавирусот тешко дека ќе влијае на ефикасноста на вакцината. Верувам дека мерките кои се преземени во Велика Британија ќе влијае на тоа да се запре ширењето на новата варијанта до масовната вакцинација на населението, потенцираше Брајан.

Британскиот премиер Борис Џонсон соопшти дека новата варијанта на коронавирусот, откриен во југоисточна Англија, е позаразен за 70 отсто од претходниот, но засега не е утврдено дека има поголема смртност. По откривањето на новата варијанта, повеќе европски земји, како и Канада го запреа воздушниот сообраќај со Велика Британија со цел да се спречи ширењето на мутираниот вирус.

Британски медицински експерти рекоа дека нема докази дека новата варијанта на вирусот е посмртоносна или дека поинаку ќе реагира на постојните вакцини, но оти се покажало дека е до 70 проценти попренослива.

Вирусите често мутираат, а научниците откриле илјадници различни мутации меѓу примероците на вирусот што ја предизвикува болеста Ковид – 19. Многу од овие мутации немаат никакво влијание врз стапката на ширење и сериозноста на симптомите.

Прашањето со кое се соочуваат научниците е дали мутацијата на коронавирусот наречена VUI-202012/01 спаѓа во таа категорија и дали претставува зголемен ризик по здравјето. И дали неодамнешното брзо ширење на југот на Англија е поврзано со луѓе кои заразиле многу други, можеби затоа што ги игнорирарале ограничувачките мерки, наведува Би Би Си.

ВУИ – 202012/01 е варијанта на САРС-КоВ-2, вирус што ја предизвикува болеста Ковид-19 и првпат беше откриен во Велика Британија во октомври 2020 година од примерок земен во текот на септември.

Мет Ханкок, британскиот секретар за здравство, рече дека новата варијанта на вирусот, која се шири побрзо од другите варијанти, не е поопасна, но дека мора да се стави под контрола.

– Единствениот начин на кој можете да го направите тоа е со ограничување на физичките контакти и во основа, особено во области со голем број на заразени луѓе, секој треба да се однесува како да има вирус и тоа е начинот на кој можеме да го ставиме под контрола и да ги заштитиме луѓето, рече вчера Хенкок, пренесува Си Ен Ен.

Новите анализи ќе вклучуваат одгледување на новата варијанта на вирусот во лаборатории, проучување на неговиот одговор на антитела и тестирање на вкрстената реакција со вакцините против Ковид-19, наведува Радио Слободна Европа.

Покрај тоа, здравствените власти сега спроведуваат секвенционирање на случајно избрани примероци на позитивни случаи низ Велика Британија за да го испитаат неговото ширење и да изградат регионални мапи за неговата распространетост, односно бројот на сите случаи на заболување кај дадена популација во даден период. За тоа ќе бидат потребни најмалку две недели, пишува Гардијан.

Ова не е прва мутација на новиот коронавирус. Во ноември, данската Влада отстрани милиони визони, по што се утврди дека стотици случаи на Ковид-19 се поврзани со варијанти на Sars-CoV-2 , кои ги носело ова животно. Во октомври анализите сугерираа дека варијантата на коронавирусот, која потекнала од земјоделците во Шпанија брзо се проширила во Европа и е причина за повеќето случаи во Велика Британија. Во ниту еден од двата случаи не е утврдени дека овие варијанти ја зголемиле трансмисијата на болеста. Но тоа не е случај и со новата варијанта и сега научните треба да утврдат дали тоа ќе значи и зголемување на бројот на тешки случаи кај заразени со коронавирус.

Како и со другите нови варијанти или видови на вирусот кои предизвикуваат Ковид-19, и оваа носи генетски отпечаток што го олеснува следењето,а случајно е и оној кој сега е вообичаен, пишува Си Ен Ен. Ова не значи дека мутацијата го олеснила нејзиното ширење, ниту пак мора да значи дека оваа варијација на вирусот е поопасна.

Повеќе експерти во генетика и епидемиологија забележуваат дека новата варијанта на коронавирус може да биде само „среќен“ вид што е засилен поради суперпренесувачки настани.

Варијантата VUI – 202012/01 е невообичаено многу мутирана и најверојатното објаснување е дека потекнува од пациенти со ослабен имунолошки систем кои не можеле да го победат вирусот. Нивните тела станале почва за размножување на мутации на вирусот, заклучува Би Би Си.

Што се однесува на ефикасноста на вакцините на новата варијанта, се чини, нема да има промена. Вакцините на Фајзер/Бионтек и на Модерна предизвикуваат имунолошки одговор само на шилестиот протеин што го носи коронавирусот на неговата површина. Но, секое заразено лице произведува голем, уникатен и комплексен репертоар на антитела кон овој протеин.

– Факт е дека имате илјада големи пиштоли насочени кон вирусот, рече Картик Чандран, вирусолог од медицинскиот колеџ Алберт Ајнштајн во Њјорк. Без оглед како вирусот се извртува и менува, не е толку лесно да најде генетско решение што навистина може да се бори против сите овие различни специфичности на антитела, а да не ги спомнувам другите оружја за имунолошки одговор, изјави тој за Њујорк Тајмс.

Накусо, ќе биде многу тешко за коронавирусот да избега од одбраната на телото, и покрај многуте варијации што може да ги усвои.

„Бегство“ од имунитет бара вирусот да акумулира низа мутации, секоја од нив дозволувајќи му на патогенот да ја уништи ефикасноста за одбраната на организмот. Некои вируси, како грип, ги усвојуваат тие промени релативно брзо. Но, други, како вирусот на сипаници, не усвојуваат речиси никакви варијанти.

Дури и на вирусот на грип му требаат пет до седум години за да собере доволно мутации за да избегне целосно препознавање на имунитетот, забележа д-р Џси Блум, еволутивен биолог во Центарот за истражување на рак Фред Хачинсон во Сиетл. Неговата лабораторија во петокот објави нов извештај кој покажува дека коронавирусите на настинка исто така се развиваат варијанти за да избегнат да бидат детектирани од имунитетот- но во текот на многу години.

Големината на инфекции во оваа пандемија може брзо да генерира разновидност во новиот коронавирус. Сепак, огромното мнозинство луѓе ширум светот сè уште не се заразени, а тоа ги зголемува надежите на научниците, наведува Њујорк Тајмс.

– За мене би било малку изненадувачки да видиме активен избор за избегнување имонолошки одговор, рече Ема Ходкрофт, молекуларен епидемиолог на Универзитетот во Берн во Швајцарија.

„Во популација која сè уште е претежно незаразени, вирусот едноставно сè уште не треба да го прави тоа, рече таа. – Но, тоа е нешто на што сакаме да внимаваме на долг рок, особено кога почнуваме да вакцинираме повеќе луѓе.

Имунизирање на околу 60 проценти од популацијата во рок од околу една година, и одржување на ниско ниво на бројот на случаи додека тоа се случи, ќе помогне да се минимизираат шансите за значително мутирање на вирусот, рече д-р Ходкрофт.

Сепак, научниците треба внимателно да го следат вирусот што се развива за да забележат мутации што може да му дадат предност во однос на вакцините.

– Научниците рутински ги следат мутациите на вирусите на грип со цел да се ажурираат вакцините, и треба да го сторат истото за коронавирусот, изјави Тревор Бедфорд.

– Можете да замислите процес каков што постои за вакцината против грип, каде што ги менувате овие варијанти и секој добива годишна доза против Ковид, рече тој. „Мислам дека тоа е она што генерално ќе биде потребно“.

– Добрата вест е дека технологијата што се користи во вакцините на Фајзер/Бионтек и Модерна е многу полесно да се прилагоди и ажурира отколку конвенционалните вакцини. Новите вакцини генерираат и масовен имунолошки одговор, така што на коронавирусот може да му требаат многу мутации, во текот на годините, пред вакцините да мора да се изменат, рече д-р Бедфорд

актуелно варијанта корона врус нема докази поопасен сзо
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.