Фудбалерот на Манчестер сити, Давид Силва, го продолжи договорот со тој клуб до 2020 година, пренесуваат британските медиуми.
Овој 31-годишен играч за врска во 2010 година за 24 милиони фунти дојде во редовите на „граѓаните“ од Валенсија. Неговиот претходен договор истекуваше во 2019 година.
Силва со Манчестер сити освои два трофеја во Премиер лига, еден ФА куп и два Лига купови.
Сити моментно е лидер во Премиер лига со осум бодови повеќе од градскиот ривал Манчестер јунајтед.







