Потрес со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала забележан е во Егејското море, јавија од Европската сеизмолошка станица.
Според нивните информации, земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а епицентарот бил на 142 километри од вториот по големина грчки град, Солун.
Потресот е почуствуван низ цела Грција, но и во Македонија, Турција, Албанија и Бугарија.
(Фото: ЕМСЦ)