Силен земјотрес го погоди подрачјето околу Травник, во Босна и Херцеговина.
Епицентарот на потресот со јачина од 4,8 степени по Рихтер, лоциран е на длабочина од 10 километри, 80 километри северозападно од Сараево, 60 километри југоисточно од Бањалука.
Земјотресот се почуствува и во Бањалука каде што тресењето на почвата траело околу 7-8 секунди.
Според коментарите на сајтот кој го забележа потресот, ЕМСЦ, се почуствувал силен удар во два наврати. Друг сведок напишал дека тлото се тресело и дека се било проследено со силен звук.
Медиумите во БиХ информираат дека најдраматично било во Травник, каде што од покривите паѓале оџаци, а во многу куќи распукале ѕидовите.
Граѓаните се вознемирени и се во страв од евентуален нов потрес, а многумина ги напуштиле домовите и се наоѓаат на улица.







