Премиерот Зоран Заев имаше работен појадок со полскиот премиер Матеус Моравјецки, придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
По работниот појадок на владините делегации на двете држави, премиерите Заев и Моравјецки имаа изјави за медиумите.
Моравјецки, на заедничката прес-конференција со Заев по работниот појадок на двете делегации, се заблагодари што со посетата на Заев, за првпат по 25 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете држави, се остварува средба на премиерско ниво.
Полскиот премиер изрази поддршка на македонските евро-атлантски интеграции. Тој честиташе за постигнатиот договор со Грција, што, како што рече отвора можности да почнат разговори за вклучување на Македонија во ЕУ.
Тој додаде дека Полска ја поддржува Македонија и во НАТО интеграциите, што, како што рече, ќе биде добро и за безбедноста во овој дел од Европа.
.







