Најмалку шест лица го загубија животот во Бразил, во силните песочни бури кои овие денови го погодија југоистокот на земјата, а тој природен феномен го засилува големата суша. Снимките од оваа временска непогода оставаат без здив. Голем облак од портокалова прашина се срушува на земјата и неколку минути го прекрива целиот крај.
Бурите кои ги следеа удари од ветар до 100 километри на час предизвикаа штети на куќите и рушеа дрва и електрични столбови во внатрешноста, во државите Сао Паоло и Минас Герас.
Шест лица загинаа давејќи се, меѓу нив рибар од селото на брегот на реката Парана, 650 километри од Сао Паоло, кога на нив се срушиле дрва, при рушење на куќа и во пожар, пишуваат медиумите.
„Ваквите климатски појави не се новост, но се ретко вака изразени како овие кои ги имавме оваа година“, изјави за АФП метеорологот Естел Сиас.
„Тоа е последица на долготрајна суша, високи температури и ниска влажност“, додаде таа.
Песочните бури кои креваат во воздух честички песок и прашина настанаа после сушниот период кој заврши во септември, пред врнежливиот период. Ваквите бури, вообичаени во пустинските предели, можат да опфатат подрачје во круг од 160 километри и да траат повеќе часови, објасни Сиас.
„Оваа појава не може да се разгледува одвоено од климатските промени затоа што високите температури предизвикуваат екстремни временски услови“, заклучи Сиас додека Бразил на трпи најлошата суша во последните 91 година.
(Фото: ЕПА)