Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Силјановска-Давкова: Да се излезе на изборите, ќе инсистирам на почитување на Уставот
Македонија

Силјановска-Давкова: Да се излезе на изборите, ќе инсистирам на почитување на Уставот

април 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На овие избори најважно е да се излезе и да не се  остави  проблемот со изборниот цензус од 40 проценти. Зошто се плашам дека ако не го достигнеме цензусот дека тогаш можеби претседателот ќе се бира во Собранието.

Ова го порача кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова вечерва на предизборен митинг во Кичево.

„Јас сум голем критичар на избор на претседател во Македонија од Собранието зашто тогаш не само што сите вие како гласачи нема да имате никакво влијание врз изборот, туку двајцата лидери на партиите, како што досега правеа, ќе го изберат. Осумдесет и еден пратеник само ќе потврдат и ќе кренат рака. Тој или таа нема да биде по наша мерка, туку ќе биде по нивна мерка. Јас повеќе верувам во мудроста на народот дека тој умее да препознае не само партија, не само лидери, туку и личност која ќе произлегува од него и ќе работи за него и ќе биде со него, потенцира Силјановска-Давкова.

Потенцира дека на претседателските избори по зборовите на премиерот ќе отвори пат за нови парламентарни избори, а, како што рече, се знае кој ќе победи на тие избори и во услови на нова парламентарна коалиција ќе почне реформски процес.

Истакнувајќи дека секоја реформа почнува од нас, рече дека таа ќе се откаже од претседателските привилегии. Во надворешната политика, посочи, нема да се опкружува со амбасадори, конзули, воени аташеа, кои се познати по тоа што се партиски или политички личности, туку со извонредни и квалификувани дипломати.

„Секогаш ќе инсистирам на почитување на Уставот и законите на владеење на правото зошто тоа е мојата филозофија. Ако пред мене се најде закон за кој во советување или преку советите преку мислењата на квалификуваните околу мене ќе заклучам дека е неуставен ќе му го предочам тоа на Собранието, ќе побарам да ги образложам причините за ветото, и ќе го предупредам дека и Собранието и пратениците се под Уставот и законите, а не надвор од него. Тогаш нема да биде важно која власт ќе биде на власт, која паријата ќе биде на власт, оти државата ќе функционира според Уставот и законите. Таквата држава е европска држава, порача Силјановска-Давкова.

Посочи дека ќе го искористи инструментот обраќање во Собранието и дека ќе се обраќа повеќе пати секогаш кога ќе смета дека е важно. Најдобрите, ветува таа, ќе се најдат на вистинските места. – Во Уставниот суд ќе предлагам врвни правници, професори по право, судии и адвокати за да го чуваат Уставот како очите. Во Советот за безбедност ќе именувам врвни експерти за безбедносни прашања, а ќе ги преиспитам и безбедносните структури бидејќи се плашам дека фамилијарни односи од комунизмот уште се провлекуваат и тогаш ние не сме безбедни, рече Силјановска-Давкова.

Присутните во Кичево ги поздрави лидерот на партијата Христијан Мицкоски кој потенцира дека на 21- април победуваат.

„Победуваме на 21 април, а потоа таа победа ќе ја потврдиме и на 5 мај, а после 5 мај се знае –  предвремени парламетнарни избори, а на тие избори победува ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „За подобра Македонија“ и коалицијата со народот. Таа е најголемата коалиција во независна Република Македонија, а сета сила на таа коалиција ќе ја почувствувате многу скоро, рече Мицкоски.

актуелно избори почитување Устав
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.