Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Силјаноска-Давкова најави дека како натпартиски кандидат ќе ја побара поддршката од разочараните неутрални гласачи
Македонија

Силјаноска-Давкова најави дека како натпартиски кандидат ќе ја побара поддршката од разочараните неутрални гласачи

април 1, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кампањата ја замислувам како рамноправен натпревар на идеи, етички натпревар на програми, витешки натпревар на ставови. Јас ќе се држам до тоа, без намера да напаѓам личност, секогаш ќе дискутирам за реалните проблеми. Ќе ги критикувам сите, ќе им се обраќам на граѓаните, индивидуите, а не на партиите. Би сакала со мене и околу мене да бидат неутралните гласачи, оние кои можеби идеолошки припаѓаат на другите партии, но она што се случуваше овие години длабоко ги разочара. Тоа на првиот ден од кампањата од Охрид го порача Гордана Силјановска-Давкова, претседателскиот кандидат поддржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Таа во изјавата дадена пред медиумите од Охрид, каде ВМРО-ДПМНЕ традиционално ги почнува сите предизборни камапањи и каде вечерва ќе се одржи партискиот митинг, изрази уверување дека шансите за победа на изборите се големи за непартиска, натпартиска личност, која ќе ги застапува сите граѓани.

„Оној кој ќе докаже дека е човек од и за народот, таквата личност може да посегне по помирување, бидејќи поподелено оппштество во моментов од македонското мислам дека нема, рече таа.

Силјановска-Давкова оцени дека доаѓа време на жените, забележувајќи оти е срамно државата досега да немала жена премиер или претседател, имајќи предвид дека, како што посочи, „родовата еднаквост е доказ на демократијата, откажување од знаење, енергија, ум“.

Како свои адути во изборите меѓу другото таа ги посочи личното професионално искуство, своите знаења од областа на уставното право, децениските искуства од проучуваните проблеми во поделбата на власта.

„Зошто јас. Затоа што знам многу за политичките системи, уставното право, ги знам компаративните искуства, односите меѓу трите власти, проблемите во судството. Тоа знаење сметам дека можам и во пракса да го применам и да го докажам, рече таа.

Давкова нагласи дека доколку биде избрана ќе почне со редуцирање на привилегиите на претседателот, како инспирација за преиспитување на останатите власти.

„Претседател опкружен со мал тим квалификувани луѓе чии биографии не се тајна, тоа може да биде инспирација за другите, рече таа. Најави дека како претседател многу повеќе ќе се обраќа пред Собранието, притоа адресирајќи интереси на најразлични категории граѓани се со цел да ја разбуди јавноста и на тој начин ќе покаже пред граѓаните дека е таму заради нив.

Според неа, и правото на претседателот на става вето на одредени решенија, може да биде од голем придонес во развојот на демократијата, доколку не се користи како демонстрација на сила, туку аргументирано покажува дека се е под Уставот.

„Ако при предлагањето судии во Уставниот суд, гувернер, членови на Советот за безбедност, навистина ќе се препознаат луѓе од знаење, од квалитет, тоа е доказ за меритократија, тогаш нема да ги бркаме од Македонија најспособните, туку ќе отвори процес најумните да бидат на функции, рече Силјановска – Давкова.

Таа истовремено рече дека како претседател ќе се залага за ставање крај на практиката на, како што истакна, „продолжение од претходниот систем на фамилијарна основа, нешто што новинарите го нарекуваат удбашки структури кои постојат“.

„Тоа ќе ја подобри безбедноста во земјата, ќе ја врати довербата во институциите која е многу ниска. Тоа за еден претседател не е нешто големо, но мислам дека за демократијата во Македонија ќе бид пример за поинаков начин на практикување на власта, истакна Давкова, притоа забележувајќи на големиот број мнистерства во Владата, за кои рече дека и самата држава нема да може да ги поднесе на патот кон
европеизацијата.

Силјановска – Давкова вечер ќе се обрати пред граѓаните на Охрид, на предизборниот митинг што од 20 часот ќе почне на Градскиот плоштад.

актуелно кандидат натпртиски силјановска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.