Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Симоновски: Нашите пожарникари заслужуваат многу повеќе од тоа што некој мисли дека ништо не работат
Македонија

Симоновски: Нашите пожарникари заслужуваат многу повеќе од тоа што некој мисли дека ништо не работат

септември 13, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Тесните улички, куќите споени една до друга и непристапните влезови во зградите претставуваат проблем за навремено и најсоодветно да се изгасне пожарот. Нашето доаѓање во овие ситуации е како на Бетмен, вели командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски, во интервју за МИА.

– Имаме две возила што се оштетени од влезовите во куќите и зградите, односно при влез во тесни улици или кога имаме куќи споени една до друга. Последна ситуација беше пожарот на улицата „Букурешка“ во Тафталиџе, каде што гореше куќа споена со три други куќи. Ги спасивме сите три куќи, но ни падна покривната конструкција на опожарената куќа.

А што ќе се случеше да имаше некој внатре? Истата ситуација ја имавме и
во Бутел, каде што изгоре напуштена куќа, а околу неа уште неколку други куќи. Нашето доаѓање во овие куќи е како на Бетмен. Тоа е резултат на непланското градење, но и на несовесноста на населението бидејќи, на пример, никому во зградите не му е гајле дали работи хидрантната мрежа, истакнува Симоновски.

За помошните противпожарни скали во зградите на кои граѓаните оставаат непотребни работи, Симоновски вели дека понекогаш не можат да влезат нормално во влезовите од зградите поради врзани велосипеди на оградите или оставени работи, а камоли по надворешните противпожарни скали.

Од почетокот на годината надмината е вкупната бројка на интервенции,како и бројката на пожари на отворено. Како критичен месец досега Симоновски го посочува март, кога се регистрирани 254 пожари на отворено.

Во интервјуто што ќе биде објавено подоцна, Симоновски открива дека има и случаи кога пожарите се намерно предизвикани, а говори и зa пожарот на Скопска Црна Гора, за модернизацијата на противпожарната служба, која е во тек, како и за реализацијата на медикал-службата, која ја најави на почетокот на својот мандат.

За македонските пожарникари, Симоновски вели дека тоа се момчиња за сè, кои заслужуваат многу повеќе од тоа што некој мисли дека ништо не работат.

– Знаеме да употребиме сè и да сработиме сè во секакви ситуации за разлика од британскиот, францускиот или германскиот пожарникар, кој не би работел во ситуации во кои ние работиме со голи раце или со импровизирана опрема. Тие не интервенираат додека не си направат безбедна зона за да се заштитат прво себеси.

На пример, не можете на овие пожаникари да им речете со обично јаже да влезат во бунар и да спасат давеник. Тоа нема шанси. Кај нас, нашиот пожарникар влегува со обична униформа во бунар и спасува жена.

Повеќето момчиња овде, во Противпожарната бригада на Град Скопје, заслужуваат повеќе од тоа што некој мисли дека ништо не работиме, оценува Симоновски во интервјуто за МИА.

пожарникари
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување

јуни 8, 2026

Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

јуни 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.