Властите на Сингапур многу рано дадоа зелено светло за користење на блокчејн технологијата и во еден момент се чинеше дека ќе стане глобален центар на криптовалути, но дигиталните пари доживеаја голем пад.
Земјата инаку има поволно деловно опкружување, што уште повеќе привлече компании да вложуваат во дигитални средства и во растечката заедница на инвеститори.
Меѓутоа, крипто средствата и компаниите, од кои многу се поврзани со Сингапур, експлодираа, предизвикувајќи одек и загуби низ целиот свет.
Прво, се урна популарниот токен наречен „Тера Луна“ (Terra Luna), што предизвика пад на неговиот сестрински токен „Тера УСД“ (TerraUSD), кој беше главно стабилен.
Неколку месеци подоцна, крипто фонд со седиште во Сингапур (Three Arrows) поднесе барање за банкрот, рушејќи заедно со него крипто берза (Voyager Digital).
Во август, во растечката низа жртви, „падна“ уште една берза (Hoddlenaut).
Се верува дека оваа година затворањето на таквите клучни „играчи“ на пазарот избриша 1,5 милијарди долари од пазарната капитализација на криптовалутите.
Во ноември, милијарди дополнително беа изгубени за неколку дена, кога американската крипто берза ФТХ спектакуларно пропадна поради голема криза со ликвидноста.
Основачот на берзата, Сем Бенкмен-Фрид, оттогаш беше јавно обвинет за „една од најголемите финансиски измами во историјата на САД“, но тој тврди дека изгубил се што имал.
За Сингапур, колапсот на ФТХ беше посебно шокантен со оглед на тоа што неговиот државен инвестициски фонд „Темасек“ (Temasek) вложи во ФТХ, вбризгувајќи 275 милиони долари за само неколку месеци.
Државата спроведува интерна ревизија на изгубената инвестиција, но таа не е толку голема – тоа е мал процент од јавното богатство на Сингапур.
Но, она што е проблем на Сингапур во губењето пари поради колапсот на ФТХ, најдобро го објасни вицепремиерот на земјата, кој е и министер за финансии, е дека загубата предизвика штета на угледот.
„Фактот што другите водечки глобални институционални инвеститори како што се „БлекРок“ (BlackRock) и „Секвиа Капитал“ (Sequoia Capital) исто така инвестираа во ФТХ ова не го ублажува“, рече Лоренс Вонг.







