Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Синдикатот на европските пилоти против идејата за „летови со помал екипаж“
СВЕТ

Синдикатот на европските пилоти против идејата за „летови со помал екипаж“

февруари 5, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската пилотска асоцијација се изјасни против идејата на „Ербас“ за автоматизирани авиони со само еден пилот при лет, оценувајќи дека авиоиндустријата става „фокус на комерцијалните интереси пред безбедноста“.

Според првиот човек на европскиот пилотски синдикат, Отјан де Брајн, новата технологија со зголемена автоматизација на авионите на која инсистира авиоиндустријата, само ќе ја зголеми нивната крајна цена, на сметка на безбедноста на леталата.

Како доказ за ваквиот свој став Де Брајн ја посочува идејата на најголемиот светски производител на авиони, „Ербас“ за автоматизирани авиони со само еден пилот при лет.

Станува збор за иницијатива на „Ербас“ наречена „летови со помал екипаж“, со која се предлага промена на регулативата во ЕУ со што би се овозможило авионите да летаат само со еден пилот, а автоматизираната технологија во суштина да ја има улогата на копилот. Дополнително, според предлогот на „Ербас“, кај летовите на долги релации, наместо тројца, би имало само двајца пилоти.

Според сегашните правила, како што јави дописникот на МИА од Брисел, во пилотската кабина постојано мора да има по двајца пилоти. Затоа на подолгите летови, авионите имаат тројца пилоти за да се обезбеди во секој момент пред кокпитот да бидат двајца од нив, додека третиот би можел да одмара.

„Ербас“ смета дека неговата технологија е доволно софистицирана за да овозможи еден пилот сам да управува со напредни авиони при летот. Според компанијата, на вакви летови би оделе само „искусни пилоти, кои би биле подложени на медицински тестови за доказ на нивната подготвеност“.

Но, Де Брајн не се согласува со ваквиот предлог, оценувајќи дека лет со „помалку од двајца пилоти е незамислив дури и со најсофистицираната технологија што е достапна во моментов“.

– Нашите процедури, меѓусебната соработка, начинот на кој ние како пилоти се проверуваме за време на нашата работа, се причината за високото ниво на безбедност. Отстранувањето на еден дел од целината ќе го наруши целиот систем, вели Де Брајн.

Според него, технологијата може да откаже и тогаш одговорноста е на пилотите.

– Со намалување на бројот на пилоти, ги намалувате шансите тие пилоти да можат да решат такви проблеми, смета првиот европски синдикалец.

За стравувањата на Де Брајн, „Ербас“ оцени дека „пилотите ќе останат во сржта на летовите“, а автоматиката ќе игра „клучна улога како помош во пилотската кабина и намалувајќи го обемот на работа“ на пилотите.

– Посветени сме на пионерски нови решенија кои ќе продолжат да ги поддржуваат летачките екипажи и да обезбедуваат зголемени нивоа на безбедност, посочи „Ербас“.

Според компанијата, во догледна иднина авионите ќе претставуваат „робустен и флексибилен систем со соодветна автоматизација во која централната улога ќе ја има добро одморен и компетентен пилот“.

Идејата во моментов е на разгледување пред Агенцијата за воздухопловна безбедност на ЕУ (ЕАСА), која засега ја отфрла можноста за „летови со еден пилот“ пред 2030 година, поради „технолошката незрелост“.

Според ЕАСА, за да се одобрат „летови со еден пилот“ авиопроизводителите „ќе треба да докажат дека нивоата на безбедност ќе бидат исто толку високи, како и при сегашните операции со два пилоти“.

– Најважно е да се сфати дека безбедноста не смее да биде загрозена, посочува ЕАСА.

Но, Де Брајн смета дека наместо да изрази „загриженост“ за овој предлог на „Ербас“, ЕАСА прави „се што може за да ги забрза сертификацијата и донесувањето нови правила“.

Според Де Брајн, ЕАСА станала „премногу блиска“ со производителите на авиони за да може да носи независни проценки.

ЕАСА ги отфрла ваквите обвинувања, истакнувајќи дека соработката со авиоиндустријата „се реализира според принципите на транспарентност и репрезентативност“.

– ЕАСА е обврзана со многу строг етички кодекс и секоја инсинуација за премногу блиски односи со производителите на авиони и авиокомпаниите ја отфрламе како без фактичка основа, посочи Агенцијата.

 

 

 

 

 

Фото: Икс/Фејсбук/Ербас

актуелно екипаж ербас летови помал
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.