Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сиљановска-Давкова по средбата со Левица очекува нивна поддршка
Македонија

Сиљановска-Давкова по средбата со Левица очекува нивна поддршка

април 30, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателскиот кандидат, Гордана Сиљановска-Давкова по денешната средба со Левица изјави дека е оптимист и дека очекува да ја добие нивната поддршка на изборите.

„Во Левица јас сум опкружена со бивши студенти кои не се забораваат, јас сум им била професорка, меѓу нас не може да има преправање, многу се познаваме и тоа е инвестиција што вредела да се направи.

Разговаравме за проблеми со кои се соочува оваа држава, за можните решенија, за приоритетите, за тоа што не врзува а што не раздвојува, и кога разговарате со аргументи со луѓе со кредибилитет, луѓе кои никогаш не се забораваат, се помнат иако поминале многу генерации, тогаш мислам дека може да се договорите околу клучните прашања и јас очекувам да се договориме. Сепак ја почитувам нивната процедура тие имаат органи ќе разговараат, но јас сум голем оптимист, рече Сиљановска.

Посочи дека со Левица ја спојува посветеноста кон владеење на правото и моралните вредности, и како што рече, потребен е радикален пресврт и поинаква политика на политичките лидери кои се спремни да го вложат свое знаење.

„Мислам дека веќе е јасно дека доаѓа крајот на политичките глумци на балканот а особено на Западен Балкан, на импровизиторите, на оние кои глумат демократија и демократски реформи, тоа е веќе прочитано и јасно.

Очигледно е дека оние кои ја креирале длабока криза на демократија, не можат да бидат реформатори. Ни требаат луѓе спремни на жртви, докажани во свои струки во рамки на држави на ЕУ, луѓе без фрустрации и почитувани луѓе. Ние мора да ставиме крај на партиското гласање.

Партизирана ни е администрацијата и сите функции, но и гласањето е киндипирано од партиите. Јас цврсто верувам дека ако генерации се бореле па и гинеле за гласачко право, крајно време е сите граѓани да се изборат за свое право и да гласаат по сопствено убеудвање, а не со полнење кутии или семејно гласање. Сум имала многу генррации на студенти и знам дека оние кои сум ги учела, добро знаат за кого ќе гласаат кога се сами а не кога некој им диктира, рече Сиљановска.

Димитар Апасиев, член на Президиумот на Левица, рече дека со професорката биле на иста политичка линија од времето на професорски пленум и кампањата за анти-преспански договор каде што и двајцата правно дебатирале.

„Имавме конструктивна средба, цениме дека ние како партија заземавме анти-бојкот позиција бидејќи цениме дека бојкот во овие избори е бесполезен, за разлика од бојкотот на референдумот што имаше своја суштина. Во оваа ситуација, во вториот круг кога одат двајца кандидати бојкотот е нереална состојба. Беше побарана средба, ние удоволивме на таа средба и можам да кажам дека имавме конструктивна средба, додаде Апасиев.

Како што посочи тој, на средбата било отворено прашањето за преспанскиот договор и правните механизми кои евентуално би се појавиле во иднина, бидејќи институцијата претседател е клучна во меѓународни односи.

„Ние се уште немаме дефинитивен став за поддршка на професорката зашто не можеме бланко да дадеме поддршка. Во нашата партија имаме органи и се надевам до предизборен молк ќе го имаме нашиот дефинитивен став дали отворено ќе ја поддржиме професорката или ќе останеме на нашата анти бојкот позиција, рече Апасиев.

апасиев Левица силјановска среба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?

ноември 9, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка

ноември 9, 2026

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот

ноември 5, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.