Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Си Ен Ен: Документи покажуваат дека Кина пријавувала помалку случаи на коронавирус од реалниот број
СВЕТ

Си Ен Ен: Документи покажуваат дека Кина пријавувала помалку случаи на коронавирус од реалниот број

декември 1, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Документи, во кои ексклузивно имал увид Си Ен Ен, покажуваат дека Кина направила значајни пропусти на почетокот на пандемијата на коронавирус.

„Документите кои протекоа во јавноста се од кинеската провинција Хубеи и покажуваат дека на почетокот Кина пријавувала значително помал број на случаите на коронавирус од реалниот, дека и биле потребни недели за да дијагностицира нови случаи и оти не ја известиле јавноста за врвот на сезоната на грип во Хубеи во декември минатата година, што се совпаѓа со времето кога во земјата се појавија првите случаи на вирусот“, јави Си Ен Ен.

Податоците од 10 февруари покажуваат 5.918 нови случаи, повеќе од двојно од бројот кој го пријави Кина.

Во извештајот со ознака „интерен документ, доверлив“, локалните здравствени власти во провинцијата Хубеи, каде првпат е откриен вирусот, на 10 февруари наведоа вкупно 5.918 новооткриени случаи, што е двојно повеќе од официјалниот јавен број на потврдени случаи.

Таа поголема бројка не беше објавена во тоа време, а се чини дека Кина ги презентираше податоците на начин за да ја намали сериозноста на епидемијата.

Претходно непознатата бројка е во низата откритија содржани на 117 страници протечени документи од провинцискиот центар за контрола и превенција на болести Хубеи, кои ги поседува и чија автентичност е потврдена од Си Ен Ен.

Кина жестоко ги отфрли обвинувањата на САД и другите западни влади дека намерно ги задржала информациите за вирусот, тврдејќи дека е искрена со светот уште од избувнувањето.

Сепак, иако документите не даваат докази за намерен обид да се сокријат наодите, тие откриваат голем број недоследности во она за што властите биле свесни и што било откриено во јавноста.

Една од највпечатливите точки на податоците се однесува на бавноста со која се дијагностицираат локални пациенти со Ковид-19.

Иако властите на Хубеи и го презентираа на јавноста својот однос кон почетното избивање на епидемијата како ефекасен и транспарентен, документите покажуваат
дека локалните здравствени власти се потпирале на несоодветни механизми за тестирање и пријавување за нови случаи.

Извештај во документите од почетокот на март покажува дека просечното време помеѓу појавата на симптомите до потврдена дијагноза е 23,3 дена.

Експертите за Си Ен Ен изјавија дека ова значително го отежнало следењето на болеста и борбата против неа.

Кина, од друга страна, одлучно ги бранеше своите постапки од избувнувањето на епидемијата. На прес-конференција на 7 јуни, Кинескиот државен совет објави Бела книга во која се вели дека кинеската влада секогаш објавувала информации за епидемијата на „навремен, отворен и транспарентен начин“.

Здравствените експерти велат дека документите јасно покажуваат што сè Кина знаела за епидемијата на коронавирусот во првите месеци.

Денеска, на 1 декември, се навршува една година откако првиот познат пациент покажа симптоми на болеста во главниот град на провинцијата Хубеи, Вухан, според клучното истражување на медицинското списание „Лансет“.

Откритието во документите што ги покажуваат првите податоци за коронавирусот во Кина, се случува во време кога САД и ЕУ го зголемуваат притисокот врз Кина за целосна соработка со Светската здравствена организација за откривање на изворот на пандемијата, кој се прошири на повеќе од 60 милиони луѓе, додека 1,46 милиони луѓе починаа.

Си Ен Ен ги добил документите од „свиркач“, кој побарал да остане неименуван.

Тојвели дека работи во кинескиот здравствен систем и дека е мотивиран да ја открие вистината која е цензурирана и да им оддаде почит на колегите кои исто така прозбореле за епидемијата.

актуелно документи Кина коронавирус си ен ен
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.