Многу бура имаше во последниот натпревар во 9 коло од Серија А. Фиорентина му беше домаќин на Лацио, а мечот, со многу тензии и припадна на гостинската екипа со резултат од 2:1 со голот на Чиро Имобиле во 89 минута.
Поразот најтешко му падна на францускиот ветеран Франк Рибери, кој беше незадоволен во текот на целиот натпревар, а се кулминираше кога судијата Марко Гуида отсвири крај.
Прв пат поранешниот играч на Баерн се налути во 75 минута, кога Виченцо Монтела го повлече од игра. На излегување од теренот незадоволно вртеше со главата, а потоа не сакаше да се поздрави со тренерот, за да на крајот кога седна на клупата за резервни играчи ги нападна членовите на стручниот штаб барајќи објаснување заради што е сменет.
А се ескалираше на крајот од средбата. Рибери од клупата им се придружи на соиграчите кои им приговараа на арбитрите, а потоа го удри едниот од помошниците на Гуида со рака во гради.
На снимката што се појави на Твитер се гледа како Рибери се жести и силно го турка судијата, но она што не се гледа е одговорот на судијата, односно црвениот картон за Французинот во тунелот на патот кон соблекувалните.







