Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Скопска Апелација го одби барањето на Панчевски, на 4 август ново рочиште во велешкот суд
Хроника

Скопска Апелација го одби барањето на Панчевски, на 4 август ново рочиште во велешкот суд

јули 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Апелацискиот суд Скопје го отфрли барањето на поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, за изземање на Велешкиот суд и префрлување на предметот во Скопје.

На денешното рочиште беа сослушани четворица сведоци, службеници од Основниот Кривичен суд Скопје.

Една од службеничките сведочеше дека во 2016 година два предмети со звучни имиња од СЈО ги однела кај претседателот на судот Панчевски, а тој ги распределил кај судијките Татјана Михајлова и Лидија Петровска.

На прашање на Панчевски до сведокот дали тој имал влијание врз распределбата на други предмети освен оние два од СЈО, за кои имало одлука, сведокот изјави дека не се сеќава за други предмети освен за оние од СЈО.

На прашање зошто дел од предметите биле делени рачно, сведокот одговори дека тоа било така, за да се избалансираат работите да не се повторува одредени судии да имаат по пет–шест предмети, а кај некои само еден.

Или, како што додаде, за да се избегне одредени судии да имаат судења само со еден обвинет, а кај другите да има предмети со повеќе обвинети.

Сведоците од информатичкиот АКМИС–систем за електронска распределба на предметите, на судењето изјавија дека имало недостатоци на системот, а кои постепено во годините потоа биле отстранувани.

Тие посочија дека за тие недостатоци на АКМИС системот тие постојано укажувале во Врховниот суд и на Работното тело на Основниот Кривичен суд кое било задолжено да следи АКМИС системот.

Претседателката на Основен суд Велес, Лидија Димова денеска донела
решение со коешто го одбила барањето на двајцата адвокати на Владимир Панчевски за иземање на судијката Валентина Ѓорѓиева како судечки судија во процесот.

Адвокатите на Панчевски на денешното рочиште побараа тој да излезе од притвор и да продолжи да се брани од слобода.

Како аргумент го посочија документот од Агенцијата за вработување во Скопје, во кој, според нив, пишува дека Владимир Панчевски е во работен однос, па според тоа, тој како судија има имунитет.

Како што потенцира адвокатот Петро Јамура тоа значи дека обвинетиот Владимир Панчевски е се уште судија во Основен Кривичен суд и има право на имунитет и побара укинување на мерката притвор.

Следното судско рочиште е закажано на 4 август, кога исказ пред судот треба да дадат преостанатите двајца сведоци.

Обвинетиот Панчевски, според обвинението поднесено од ОЈО Скопје, се товари дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, со негов параф и усно давал наредби на службеници што имале пристап во АКМИС-от рачно да се распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, и кажувал на кој судија да се распредели предметот, со што целосно се изигрувал системот кој требало автоматски да ги распределува предметите.

актуелно барање Панчевски рочиште Скопска Апелација
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.