Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Скопје и Тирана очекуваат почеток на преговорите со ЕУ во јуни
Македонија

Скопје и Тирана очекуваат почеток на преговорите со ЕУ во јуни

март 13, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Република Северна Македонија и Република Албанија очекуваат во јуни да ги почнат пристапните преговори за членство во ЕУ, истакнаа премиерите на двете земјми Зоран Заев и Еди Рама на заедничката прес – конференција по денешната средба во Тирана.

Освен во НАТО, двајцата премиери очекуваат Скопје и Тирана во перспектива да бидат сојузници и во ЕУ. Истакнаа дека двете земји работат на исполнување на потребвните реформи, особено во правосудниот систем и јавната администрација.

Заев се заблагодари што Албанија беше меѓу првите земји кои го ратификуваa Протоколот за члeнство во НАТО.

-Тоа уште еднаш испрати сериозна пријатeлеска порака до нашиот народ и затоа сме благодарни. Очекуваме до крајот на годината Македонија да и се придружи на Алијансата и да стане 30-та членка. Парачелно со овие очекувања нашите надежи се фокусирани и на јуни за отварање на пристапните преговори со ЕУ. Јуни 2019 е важен датум за европските перспективи на двете држави. Очекуваме ако ние ги испорачаме потребните резултати, тогаш и ЕУ да има позитивен пристап кон двете земји, рече Заев.

Албанскиот премиер Рама истакна дека Република Северна Македонија за Албанија не е само земја сосед, туку и пријател и стратешки незаменлив партнер.

„Односите меѓу двете земји се базираат на трајни принципи и вредности, кои не обединуваат како држави, кои и припаѓаат на Европа и кои ќе бидат заедно во европското семејство, изјави Рама.

Нагласи дека посетата на премиерот Заев доаѓа во момент на значајното историско постигнување како што е Преспанскиот договор и отворањето на патот за Северна Македонија кон НАТО, за што, потсетува, Албанија веќе го ратификуваше Протоколот за пристапување во Алијансата.

„Ова големо историско достигнување е плод на лидерството на Заев и на нашиот заеднички пријател Ципрас. Со Договорот од Преспа беше надминат долгогодишниот ќорсокак и се отвори патот  за членство на Северна Македонија во НАТО. Тоа исто така созададе и голема позитивна енергија за натамошен напредок на заедничкиот пат за интеграција во ЕУ, истакна меѓу другото Рама.

Тој го оцени како фанатстичен потег усвојувањето на законот за јазиците во Северна Македонија, што според него значително го подобрува соживотот во земјата и одосите Скопје – Тирана. Истакна дека албанската Влада е посветена и македонското малцинство во Албанија да ги ужива сите права.

Премиерот Заев рече и дека Охридскиот договор правно-формално е исполнет и останува духот на договорот, рамномерна застапеност и градење вистинско општество за сите.

Заев и Рама на денешната средба оцениле дека има уште простор за унапредување на билатералната соработка, особено во економијата и сообраќајната инфраструктура. Се планира и отворање на заедничка гранична контрола на патници и стока на граничниот премин Ќафасан.

Предвидено е одржување заедничка седница на двете влади кон крајот на летото по завршување на претседателските избори во Северна Македонија.

Рама: „Шенгенскиот модел“ и со Македонија

Албанскиот премиер Еди Рама се заложи „Шенгенскиот модел“ да се применува со Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан, а не само со Косово.

На прес-конференцијата со премиерот Зоран Заев во Тирана тој рече дека порано или подоцна „граѓаните ќе влегуваат и излегуваат од границите на Македонија и Албанија без никакви пречки“.

„Шенгенскиот модел треба да се прошири низ регионот, Косово, Македонија и Црна Гора, со уверување дека сите земји од Западен Балкан треба да влезат во овој процес. Нашите граници мора да бидат проодни како границите на Европската унија. Ако треба да го сториме тоа со членките на ЕУ, никој не не спречува да го правиме тоа меѓу нас, денес, а не утре. Порано или подоцна ние ќе им дадеме на граѓаните можност да влегуваат и да излегуваат во двете земји без какви било пречки, контроли, без ниту еден проблем, онака како што влегуваат и излегуваат во нивните земји граѓаните на ЕУ, посочи Рама.

Тој додаде дека Албанија почнала процес со Косово, кој за жал, погрешно бил разбран.

„Кога зборувавме за „Шенгенски“ проект со Косово, бевме погрешно разбрани, но велам дека тоа е само почеток за да продолжиме со други земји во регионот. Сите земји од Западен Балкан треба да бидат вклучени во овој процес. Границите ќе бидат попроодни со сите земји од Западен Балкан, како што е Европската унија за да граѓаните може да влегуваат и да излегуваат без никаква контрола од двете страни на границата, појаснува Рама.

Според Рама, на средбата со премиерот Заев постигнале договор за создавање заедничка економска зона меѓу двете земји.

актуелно почетоко преговори скопје Тирана
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.