Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Скопје очекува поддршка од Софија за ЕУ, за јазикот и идентитетот не се преговара
Политика

Скопје очекува поддршка од Софија за ЕУ, за јазикот и идентитетот не се преговара

октомври 30, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Преговори за идентитетот на македонскиот народ и за македонскиот јазик немало и ќе нема. Тоа се ноторни и меѓународно потврдени факти и наши црвени линии од кои не може да има отстапки. Бугарија ни е пријател и очекуваме да ја признае таа реалност.

Ова го порача македонскиот државен врв по вчерашната седница на Советот за безбедност, осврнувајќи се на ставот на Софија за почетокот на преговорите на С.Макеоднија со ЕУ и медиумските написи за бугарскиот меморандум испратен до земјите членки на Унијата во кој се доведуваат во прашање македонскиот јазик и идентитет, како им  правањето паралели со Преспанскиот договор со Грција.

„Грција го призна нашето право за самоопределување, нашето право за самоопределување е наше чувство и секако преговори за нашиот идентитет, нашиот македонски јазик нема и не треба да има, ниту некој тоа го бара. Бугарија е пријателска земја и јавно истакнува дека го признава македонскиот јазик и македонскиот народ. Таа ја призна реалноста. Јас верувам дека работните групи кои разговараат секако ќе ги изнајдат решенијата навистина очекувам од бугарскиот народ, од бугарското лидерство да направи конкретен прецизен чекор за македонскиот народ и македонскиот јазик“, истакна премиерот Зоран Заев.

Уште еднаш повтори дека нема нов договор со Бугарија, ниту пак анекс на договорот.

Од македонска страна, вели, има подготвеност да се појаснат, допрецизираат одредени работи.

Очекува недоразбирањата да се надминат, а заедничката комисија да најде решенија за отворените историски прашања, како што посочи, низ духот на пријателството, што
полека ќе не сплотува и зближува како добри соседи и две пријателски земји.

На иста став е и претседателот Стево Пендаровски.

Нагласи дека преговори за идентитетот на македонскиот народ и за македонскиот јазик немало никогаш и кога е правен Преспанскиот договор.

„Кога го потпишавме Договорот добивме содржина со чиста формулација влезена во најголемата светска организација со 193 земји членки македонски јазик. Точка. Толку. Од тие наши линии ние нема да отстапиме и безрезервно ќе ги браниме“, рече Пендаровски.

Запрашан како ќе се најде компромис ако секој се држи до своите позиции, тој вели дека тоа ќе се направи исто како што се нашол компромис со Грција.

„25 години преговаравме додека не сфативме што е за нив битно и за нас апсолутно најважно и на крај дојдовме до договор преку компромис. Мора да го почитувате условно кажано и својот политички опонент во преговорите. Убеден сум дека бугарските највисоки раководители се на ставот дека македонскиот јазик и Македонците како нација се реалност и тие ќе го признаат тоа“, рече претседателот
Пендаровски.

Скопје очекува поддршка од Софија и да не го попречува одржувањето на првата меѓувладина конфренција и почетокот на преговорите со ЕУ.

Тое го очекува и бугарскиот европратеник и известувач за С.Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук. Смета дека преговорите треба да почнат до крајот на годинава, а отворените прашања да се решаваат во билатерален формат.

„Ако не почнат преговорите, особено со вакво силно германско претседателство, сите ќе бидат губитници“, вели Ќучук во интервју за Независен.мк

Запрашан како евентуалното бугарско вето би се одразило на односите меѓу двата соседа, тој вели дека Софија нема јасна позиција дека ќе ја блокира С. Македонија.

„Јас не сум слушнал категорично „не“, дека ќе има блокада од Бугарија. Од бугарска страна, нема официјална позиција. Има изразено мислење кое, колку што сфаќам, се дискутира од двете страни и има многу интензивен дијалог меѓу министрите за надворешни работи на двете земји“, посочува Ќучук.

Според него, Брисел не може да се занимава со Скопје и Софија, нагласувајќи го категоричниот став на Европската комисија дека билатералните спорови треба да бидат решени на билатерален начин и тие нема да бидат дел од општиот преговарачки процес.

„Мој став е дека Бугарија и Северна Македонија се две многу блиски држави, кои споделуваат заедничко минато и треба да споделуваат заедничка иднина во ЕУ. И не можеме да очекуваме трета страна арбитер да ги разрешува споровите меѓу нас. Треба да се решат низ дијалог и разбирање. А, тоа не е нешто што се решава од денес за утре. Некои нешта се решаваат, на пример, за пет шест години, има време. Прво да се донесе одлука, а потоа ќе се движиме напред. А, ако сега кажеме да или „не“, ги затвораме вратите. Треба да има процес, да има развој, вели бугарскиот европратеник и известувач за С.Македонија во ЕП, И“лхан Ќучук.с

актуелно ЕУ идентитет јазик поддршка скопје Софија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.