Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Скопје очекува храбар политички чекор од Софија
Македонија

Скопје очекува храбар политички чекор од Софија

декември 14, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во пресрет на почетокот на Советот за општи работи денеска во Брисел Скопје со порака дека блокадата на европските интеграции за Северна Македонија и Албанија е неправилна, неоправдана и создава недоверба во целиот регион. Се очекуваат храбри политички чекори од сите членки на Унијата, пред сѐ од Република Бугарија, но и од останатите партнери во ЕУ. Софија на состанокот треба да ја претставува новиот премиер Кирил Петков кој според најавите ќе ја брани бугарската рамковна позиција за Северна Македонија утврдена од техничката влада – за почеток на пристапните преговори само за Албанија, но не и за Северна Македонија.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ова порака ја упати вчера на состанокот на министри за надворешни работи од Западен Балкан,  во Лондон, кој се одржа на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Лиз Трас. На состанокот како специјални гости беа Стјуарт Пич, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, посебен претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина и Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан.

-Блокадата на европските интеграции за Северна Македонија и Албанија е неправилна, неоправдана, и таа создава недоверба во целиот регион. Потребни се храбри политички чекори од сите членки на Унијата, пред сѐ, од Република Бугарија, но и од останатите партнери во ЕУ; тука секако сметам и на нашата подготвеност за искрени компромиси со цел затворање на ова поглавје и отворање на перспективите за Северна Македонија и за целиот регион. Уверен сум дека е тоа наједноставниот, и веројатно во овој момент, единствениот начин со кој може да се предизвика нов европски и евроатлантски моментум на Балканот, рече Османи зборувајќи за актуелните состојби на Балканот и блокадата на евроинтеграциите на Скопје и Тирана.

 

Во оваа насока, како што се посочува во информацијата од МНР, Османи ја поздрави одлуката на британската влада за назначување на специјалниот пратеник на Обединетото Кралство задолжен за регионот на Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, оценувајќи го како чин кој ќе придонесе за подобрување на регионалната стабилност и просперитет, како и за промовирање на силни демократски институции и отворени општества.

Развојот на билатералните односи меѓу двете земји, како и регионалните предизвици и европската перспектива на Северна Македонија, биле тема на разговор на средбата на министрот Османи, за време на престојот во Лондон со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Лиз Трас.

На средбата, како што информираат од кабинетот на Османи, било констатирано дека текот на имплементацијата на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство е многу значајна компонента во развојот на целокупните релации, а било разговарано и за континуираната успешна соработка во областа на одбраната, како исклучително значајна долгогодишната британска поддршка за јакнење на воените капацитети на нашата земја и секако за соработката во НАТО, како уште една алка на поврзување и соработка на двете земји во иднина.

Османи и Трас, констатирале дека Западниот Балкан има важна улога за севкупната стабилност и напредок на Европа, а интеграција на регионот во Европската Унија претставува заемен геостратешки интерес од политички, безбедносен и економски аспект. Соговорниците, се вели во соопштението, се согласиле дека е неопходен и засилен ангажман и присуство во регионот на Обединетото Кралство, САД и Европската Унија што ќе придонесе кон остварување на заедничката цел – стабилен и просперитетен регион. Европската и евроатланската перспектива остануваат главна движечка сила за трансформација на сите земји од регионот во демократски и економско развиени општества и во таа насока отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со Европската Унија позитивно на стабилноста и долгорочниот развој на целиот континент.

Во рамки на престојот, шефот на дипломатијата Османи одржа и одделни билатерални средби со Мирослав Лајчак, Мартин Викерс, специјален пратеник за трговија со Западен Балкан на премиерот, Борис Џонсон; со министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисерка Турковиќ, како и со американскиот заменик помошник државен секретар Габриел Ескобар.

– Благодарност за силната поддршка од САД за започнување пристапни преговори со Европската унија.  Остануваме посветени на понатамошното зајакнување на стратешкото партнерство и заедничките заложби за слобода, безбедност и демократски просперитет во регионот, објави Османи на официјалната Фејсбук страница.

Ескобар минатиот понеделник беше во официјална посета на земјава, при што изрази силна поддршка за брза евроинтеграција на Северна Македонија и истакна оти САД работат со европските партнери за да обезбедат тоа наскоро да се случи.

Во меѓувреме, со 134 гласа „за“ вчера 47. Народно собрание на Бугарија по тричасовна дебата ја избра Владата на премиерот Кирил Петков, јави дописникот на МИА од Софија. Пратениците од ГЕРБ-СДС, Движењето за права и слободи и „Преродба“ гласаа „против“ новата бугарска Влада.

Се очекува Петков, според објавата на бугарски „24 часа“, денеска да го замени бугарскиот претседател Румен Радев како претставник на Бугарија на овогодишниот последен Европски совет во Брисел.

– По правило на Европските совети учествува премиерот на Бугарија, а по исклучок на нив присуствува претседателот кога во земјата има техничка влада. Досега се планираше Румен Радев да ја претставува Бугарија на последниот Совет за оваа година. Во Бугарија дури се шпекулираше дека инаугурацијата на новата влада ќе биде одложена за да може шефот на државата да го одбрани бугарското вето во Брисел за почетокот на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, наведува изданието „24 часа“

Но, како што наведува „24 часа“, лидерот на „Промената продолжува“ и нов бугарски премиер Кирил Петков сака тој да оди на заседанието на Советот и да преговара со другите европски лидери.

– Тој би дебитирал во Европскиот совет со новиот германски канцелар Олаф Шолц, кој минатата недела беше избран од Бундестагот. Ставот на Бугарија за Северна Македонија останува непроменет, објави во саботата Петков на претставувањето на предлогот за неговата влада. Сепак, таа позиција треба да се надгради за да биде од корист за двете земји, додаде тогаш кандидатот за нов премиер, потсетува изданието.

„24 часа“ наведува дека во Брисел Петков ќе мора да ја брани бугарската рамковна позиција за Северна Македонија одобрена од техничката влада, потсетувајќи дека минатата недела таа зазеде став дека Бугарија одобрува почеток на пристапните преговори на Албанија со ЕУ, но не и за Северна Македонија.

МИА

актуелно бугарија очекување скопје чекор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.