Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Скопје подготвено, но растат тензиите околу иднината на ОБСЕ
Македонија

Скопје подготвено, но растат тензиите околу иднината на ОБСЕ

ноември 24, 2023Updated:ноември 28, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Една недела пред Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, останува оценката дека се зголемуваат тензиите околу иднината на најголемата регионална безбедносна организација.

Се финализира адаптацијата на салата „Борис Трајковски“ за потребите на Министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржи следната недела во Скопје, обезбедени се возила за околу 67 делегации, а министерот за надворешни работи Бујар Османи ги одбројува деновите до почетокот на состанокот, кој го нарече „најзначајниот меѓународен собир одржан во РСМ во нејзината историја“.

„Со секој изминат ден се приближуваме до моментот кој ќе ја обликува иднината на меѓународната соработка. Министерскиот совет е круната на претседавањето на Северна Македонија со најголемата светска регионална безбедносна организација – ОБСЕ.

Останува финалето – да се покажеме како добри домаќини и успешни организатори на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Министерскиот совет не е само настан, туку е потврда дека Северна Македонија е сериозен партнер во меѓународните односи и директен учесник во носењето на геополитичките одлуки“, објави Османи.

Тој презентира и видео во кое се наведени сите негови посети и средби во 2023 година, откако Северна Македонија претседава со ОБСЕ.

„Изминатата година Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ одигра клучна улога на меѓународната политичка сцена. Водејќи го ОБСЕ во исклучително тешки услови, нашата работа е оценета со највисоки оценки од меѓународните партнери“, објави шефот на македонската дипломатија.

Русија ги нарушува принципите

На состанокот кој ќе се одржува од 29 ноември до 1 декември, се очекува доаѓање на делегации на околу 67 земји, земји-учеснички на ОБСЕ и на земјите од Медитеранската и Азиската група кои се партнери за соработка. Иако беше најавено дека до четврток (23.11.) ќе се знае дали на министерскиот состанок ќе дојде и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, неизвесноста остана и таа не се однесува само на руското присуство, туку – и на судбината на организација.

„Москва зеде уште една жртва со нејзината инвазија на Украина: најголемото безбедносно тело во светот“, оценува бриселскиот портал „Политико“ во текст под наслов „Се зголемуваат тензиите околу иднината на најголемото безбедносно тело во светот“.

ОБСЕ
На состанокот кој ќе се одржува од 29 ноември до 1 декември, се очекува доаѓање на делегации на околу 67 земјиФотографија: Lisa Leutner/AP Photo/picture alliance

Во него се наведува дека од 2021 година ОБСЕ е во застој, бидејќи Русија одбива да одобри Естонија (која е кандидат за претседавач од 2020 година) да го преземе претседавањето со организацијата во 2024 година, а неделава и Русија и Белорусија ја повториле нивната неподготвеност да го дозволат тоа.

Но, тоа е сами едниот аспект на проблемите.

„Со години Москва ја спречува организацијата да го усвои нејзиниот буџет, да одржува официјални настани и да ги прошири своите странски мисии, што доведе до крај на сите странски мисии на ОБСЕ во Украина, која е подложена на руска агресија“, изјави во вторникот (21.11) естонскиот министер за надворешни работи, Маргус Цакна.

„Бидејќи Русија ги нарушува сите основни принципи на ОБСЕ со нејзината крвава и агресивна војна, неприфатливо е да бидеме подложени на барањата и уцените на Москва“, додаде тој.

Зошто би доаѓал?

Македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска пред три дена се осврна на аспектот за присуството на Лавров.

„Нема потврда за доаѓањето на Лавров, меѓутоа со оглед на однесувањето на руската надворешна политика, нивното мешање во внатрешните работи на државите, меѓутоа пред сè нивниот однос кон Украина, не гледам зошто тој би доаѓал овде“, рече Петровска.

Според министерката, изминатиот период Северна Македонија како претседавач на ОБСЕ вложила максимум напори за успешно да се заврши претседавањето и ОБСЕ да ја исполни својата мисија. „Не зависи секогаш сè од нас. И останатите земји членки, во случајов и Русија како членка на ОБСЕ, треба да покаже дека навистина знае да ги негува и да ги вреднува вредностите на ОБСЕ“, изјави Петровска на МТВ.

Северна Македонија министерка за одбрана Славјанка Петровска
Не гледам зошто Лавров би доаѓал овде, изјави македонската министерка за одбрана Славјанка ПетровскаФотографија: MOD North Macedonia

Москва смета дека ОБСЕ е должна да обезбеди присуство на Лавров на состанокот во Скопје.

„Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) е должна да обезбеди министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, да може да присуствува на следниот министерски состанок на оваа организација во Скопје. Ако ОБСЕ има за цел да обезбеди дека оваа организација сепак е платформа за дијалог, тогаш мора да направи сѐ за да ѝ даде можност на секоја земја членка да учествува во настаните“, ја пренесе српска „Политика“ изјавата на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, за руската агенција Тас.

Отстапка или не?

ОБСЕ е организација создадена за време на Студената војна и обединува 57 земји-членки од Европа, Северна Америка и Азија (со исклучок на Кина и Индија), а нејзиниот мандат вклучува следење на изборите и поддршка на мировните разговори.

„Со нејзиниот систем кој бара едногласност, ОБСЕ е меѓу меѓународните тела изложени на стремежот на Кремљ за преобликување на глобалниот поредок во светлина на нејзината војна во Украина. Руската инвазија го загрози основниот концепт на безбедност заснована на соработка, отелотворена од ОБСЕ“, пишува „Политико“.

Според медиумот, некои од земјите сметале дека ако која било друга земја го презеде претседавањето, тоа би се сметало за отстапка пред Москва. Дипломати кои побарале да останат анонимни, изјавиле дека биле предложени различни варијанти за справување со ситуацијата. Тие вклучуваат и варијанта Северна Македонија да остане претседавач со ОБСЕ и во 2024 година, или барем во поголемиот дел од годината.

Северна Македонија ОБСЕ Бујар Османи
Според „Политико“, се размислува Северна Македонија да остане претседавач со ОБСЕ и во 2024 годинаФотографија: NMazedonien MFA

„Продолжување на претседавањето на Северна Македонија нема да се смета за руска победа“, изјавил за „Политико“ летонскиот претседател Ринкевичс, објаснувајќи дека „уште пред Русија да ја нападне Украина, било очигледно дека Русите ќе го блокираат претседавањето со Естонија“.

Некои дипломати сметале дека Русија изгледа отворена кон идејата земји кои не се во НАТО да го преземат претседавањето, а други дека постоел сѐ поголем консензус оти решението би можело да биде Малта.

Според неименуван дипломат, продолжувањето на претседавањето на Северна Македонија сè уште не значи дека ОБСЕ ќе може да продолжи со работа.

Изборот на претседавач не е единствениот проблем со кој се соочува ОБСЕ. Во декември истекнува мандатот и на четворицата извршни лидери во Организацијата, во прашање е и буџетот кој не е одобрен од 2021 година, како и повеќе актуелни теренски операции на организацијата. Османи неодамна изјави дека теоретски постои можност во Скопје да се изгаснат светлата на Организацијата, но не верува дека тоа ќе се случи.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор: Дојче Веле)

 

иднина ОБСЕ растење скопје Тензии
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026

Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување

јуни 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.