Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СЛУЧАЈ „ТЕНК“: ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА НИКОЛА ГРУЕВСКИ
Судски процеси

СЛУЧАЈ „ТЕНК“: ДВЕ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА НИКОЛА ГРУЕВСКИ

мај 23, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email
Поранешниот премиер е осуден за поттикнување при набавка на возило „мерцедес“ вреден 600.000 евра, а Ѓоко Поповски е осуден на нови 6,6 години затвор за злоупотреба на својата службена положба, односно поради тоа што не спровел законска набавка

Две години затвор за Никола Груевски и нови 6,6 години за Ѓоко Поповски изрече судечкиот совет на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, со кој претседаваше судијката Добрила Кацарска. за предметот познат под името „Тенк“, односно за набавка на блиндиран „мерцедес“ проценет на близу 600.000 евра.

На изрекувањето на пресудата Груевски не се појави, но затоа пред судот беа дојдени 30-тина негови поддржувачи. Непојавувањето на Груевски и не претставува некое изненадување, дотолку повеќе што законот не го обврзува на такво нешто, но и поради тоа што тој секогаш кога имало опасни или ризични ситуации тој знаел да побегне. За волја на вистината Груевски утрово беше во кривичниот суд, но не ја дочека објавата.

За судот е неспорно дека Министерството за внатрешни работи купило службено возило “мерцедес”, за цена од 35.226.000 денари или околу 600.000 евра, а кое што возило било за потребите на обвинетиот Никола Груевски. Имено, Груевски инсистирал на таков тип на возило, а Гордана Јанкулоска, со умисла, го навела Ѓоко Поповски да ја реализра набавката, со тоа што ќе ја фаворизира “Мак Ауто Стар”, но тој, пак, ништо не и приговора на тогашната министерка.

Од телефонските разговите е утврдено дека се инсистирало исклучиво на “мерцедес”, иако луксузна опрема имале и марките “ауди” и “БМВ”. За МВР биле “спорни” брзините, погонот, работната зафатнина на моторот и некои други технички работи. Поповски склучил договор со “Мак Ауто Стар”, а за блиндираниот “мерцедес” МВР платило 35.226.000 денари.

Судот констаторал дека “Мак Ауто Стар”, односно нивен преставник за цели време бил во комуникација со централата на “мерцедес” во Штудгарт. Груевски знаел дека нававката се спроведувала на незаконски начин и затоа во комуникација со Гордана Јанкулоска говори за “она на М”, а таа му кажува дека набавката ќе оди по електронски пат за “да не им ‘улета’ некој друг”, притоа мислејќи на други добавувачи. Гордана Јанкулоска на Сашо Мијалков му кажува дека го примиле возилото, но дека го сокриле во гаражата на МВР за да не го гледале луѓето. Судијата Добрила Кацарска рече дека во овој случај нема кршење на човековите права на обвинетите, бидејќи јавниот интерес е над било чиј индивидуален интерес.
За судот предмет на обвинение не е набавка на возило, туку начинот на кој тоа се реализира, иако одбраната на обвинетите донесе многу сведоци кои посведочија дека МВР има потреба од ново службено возило.

„За Груевски има пет обвиненија и нема застареност во предметот наречен ‘Тенк’, рече судијката Кацарска и појасни дека она што го сторил Ѓоко Поповски само го потврдува делото за кое се товари. Дејствијата на Груевски се неспорни, а се работи за криминални дејанија. Тој ја злоупотребил позицијата премиер, наместо да се однесува домаќински.

За предметот „Тенк“ обвинета е екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, но нејзе, поради ризична бременост, ќе и се суди во во издвоена постапка, а судењето е закажано за 28. овој месец.

(Извор: Правосудтсво.мк)

актуелно ѓоко поповски мвр Мерцедес Николс Груевски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.