По три дена собраниска расправа, денеска, со 63 гласа „за“, наспроти 30 кои беа „против“, Ристо Пенов е изгласан за нов министер за локална самоуправа.
Веднаш по изборот во Собранието, во Министерството за локална самоуправа е направено формално примопредавање на должноста.
Пенов во кабинетот беше пречекан од досегашниот министер, Горан Милевски.
На средбата се разговарало за реализацијата на тековните проекти на министерството за имплементација на политиките за локален и регионален развој, за спроведувањето на ИПА Програмите за прекугранична соработка, како и за финансиската поддршка на општините и на планските региони што се реализира од буџетските програми на министерството и на Бирото за регионален развој.







