Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сметководителите бараат законски измени за подобри услови за вршење на дејноста и воспоставување ред во фелата
Економија

Сметководителите бараат законски измени за подобри услови за вршење на дејноста и воспоставување ред во фелата

ноември 6, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сметководството е нервниот систем на економијата, но професионалците кои секојдневно ја вршат оваа работа се во крајно подредена позиција во споредба со колегите од другите интелектуални дејности: ревизори, проценители, адвокати, вештаци, нотари.

Потребно е надлежните институции да преземат мерки за подобрување на состојбите во фелата, беше речено на денешната инфо-сесија за покренување дијалог за измени на Законот за вршење сметководствени работи.

Инфо-сесијата ја организира проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, а целта е идентификување на предизвиците со кои се соочуваат сметководствените компании и дефинирање конкретни предлози и решенија за подобрување на регулативата и условите за вршење сметководствената дејност.

„Во една ваква неповолна клима за развојот на професијата за кусо време никој нема да сака да врши сметководствени работи поради дисбалансот на одговорностите и обврските од една страна и наградите кои ги носи професијата од друга страна. Во пракса постои една крајна неизбалансираност измеѓу наметнатите обврски на професијата кои делумно потекнуваат директно од одредени законски решенија, а
делумно од практичната примена на законски одредби и правата кои професијата ги има и заштитата која ја добива од оние кои се најголеми корисници на податоците од сметководствените извештаи и од законски формираната институција која треба да ги обедини сметководителите и овластените сметководители и да се грижи за нивните интереси“, истакна сметководствениот експерт Благоја Грозданов.

Учесниците на инфо-сесијата нагласија и дека од круцијално значење за целиот економски систем е да се воспостави ред во фелата, зашто, во спротивно, податоците од финансиските извештаи ќе бидат со низок квалитет, а ќе се зголемат условите за даночната евазија и сивата економија.

Според нив, со конкретните решенија предложени од сметководствените компании значајно може да се подобрат условите за работа во овој сектор, а предлозите ќе бидат доставени до надлежните органи преку Платформата за јавно-приватен дијалог.

Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива го спроведуваат Сојузот на стопански комори, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии–МАСИТ и Стопанската комора на северозападна Македонија.

Имплементатор е ЕПИ ЦЕНТАР, со поддршка на УСАИД.

 

законски измени Сметководители
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

јуни 8, 2026

Горивата од полноќ со нови цени

мај 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.