Снегот којшто непрекинато паѓа веќе 24 часа во Босна и Херцеговина предизвикува проблеми во сообраќајот и го отежнува движењето на бројни делници.
Поради снежни врнежи затворен е на сообраќајот на патиштата Ливно-Шујица, Томиславград-Прозор, Липа-Блидиње и Ракитно-Блидиње, додека на патиштата Томиславград-Шујица-Купрес и Олово-Кладањ важи забраната за сообраќај на товарни возила, пренесува сараевски „Кликс“.
Како што се наведува, надлежните служби ги предупредуваат возачите на силни странични удари на ветер кои прават снежни наноси на подрачјето на југозападна Босна.
Во Хрватска, поради силни снежни бури за камиони со приколки и шлепери е забранет сообраќајот во насока кон Далмација и обратно, пренесува загребски Индекс.
Ним им е дозволено да се движат само на делница од автопатот Риека-Загреб.
За сиот сообраќај, поради силен ветер, затворен е дел од автопатот А1 (меѓу јазолот Свети Рок и Поседарје), дел од Јадранска магистрала (меѓу Карлобаг и Света Марија Магдалена), автопатот Масленица-Затон Обровачки и автопатот Добросело-Мазин-Брувно.







