Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Соботка: Северна Македонија веќе е европска земја, се надеваме на зелено светло кон крајот на месецот
Македонија

Соботка: Северна Македонија веќе е европска земја, се надеваме на зелено светло кон крајот на месецот

март 5, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Северна Македонија со своето однесување веќе претставува европска земја и затоа се надеваме дека кон крајот на март ќе добие зелено светло за почеток на преговорите од страна на Советот на ЕУ.

Ова го изјави денеска претседателот на австрискиот Национален совет, Волфганг Соботка на заедничката прес-конференција со собранискиот спикер Талат Џафери.

-Австрија отсекогаш ја поддржувала Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ и ќе продолжи да ја нуди таа силна и безрезервна поддршка во рамки на структурите на ЕУ. Северна Македонина изминатиот период направи значителен напредок, особено во носењето на важни закони, како Законот за јавно обвинителство, истакна Соботка.

Спикерот на австрискиот Долен дом истакна дека земјава придонесување за намалување на конфликтите во регионот и како голем напредок во таа смисла го оцени решавањето на спорот за името со Грција.

Џафери изрази благодарност за поддршката од Австрија во процесот на пристапување на земјава во ЕУ и добивање на датум за почеток на преговорите.

Соботка и Џафери заеднички констатирале дека стабилен, демократски и просперитетен Балкан е во интерес на самата Европска Унија, а европската перспектива на регионот е главен двигател на реформите во земјите аспиранти за членство.

Џафери го информирал Соботка за актуелните случувања во земјата, дека Собранието во моментов е распуштено затоа што по октомвриската одлука на Европскиот совет за недоделување датум за преговори, политичките лидери ги повикале граѓаните на предвремени парламентарни избори за да се изјаснат за натамошниот пат на земјата.

Претседателот на Собранието кажа дека се прават подготовки изборите на 12 април да бидат транспарентни, фер и демократски, во согласност со меѓународните стандарди.

Посочи дека земјата останува фокусирана на статешката цел – полноправно членство во ЕУ, и потсети оти во последните денови на овој парламентарен состав беа донесени значајни законски решенија кои  придонесоа во позитивен извештај од ЕК и обновена препорака за старт на преговорите.

– Се разбира дека ни е неопходна јасна европска перспектива, јасна временска рамка и методологија и во таа смисла многу е важно што новата методологија одговори на задоволителен начин на барањата на земјите – членки за поефикасен, подинамичен и покредибилен процес во проширување, истакна Талат Џафери.

Соботка посочи дека на средбата со Џафери изутринава разговарале за добрата билатерална сорабка меѓу двата парламента, при што изрази надеж дека таа ќе продолжи да се развива и со следниот состав на Собранието. Додаде дека се дискутирало и за фатктот што Северна Македонија, заедно со Бугарија го носи претседателството на Берлинскиот процес. Нагласи дека прв пат за време на Самитот во Познањ е одлучено и парламентите да бидат вклучени во спроведувањето на Берлинскиот процес.

Двајцата соговорници разогварале и за новиот бран бегалци на турскогрчката граница, при што Соботка истакна дека Австрија го поддржала зајакнувањето на капацитетите на Фронтекс и одвоиле еден милион евра преку УНХЦР за бегалските кампови во Грција.

-Важно е да се даде голема поддршка и за останатите земји од Западен Балкан, кои многу помагаат во ова прашање. Ако е потребно ќе дадеме поддршка за контингентите кои се на граница, додаде Соботка.

Во рамки на посетата на земјава, Соботка ќе се сретне и со претставници од бизнис-заедницата: Штефан Петер од ЕВН Македонија АД, Глигор Бишев и Алвин Аличевиќ од Шпаркасе банка Македонија АД Скопје. Соботка предвидено е да оствари одвоени средби со претседателот на СДСМ Зоран Заев, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и со претседателот на ДУИ Али Ахмети.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/676348343191672/

актуелно северна македонија соботка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.