Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Собранието низ призмата на новинарите: Тежок мандат што речиси и не се споредува со некој претходен
Политика

Собранието низ призмата на новинарите: Тежок мандат што речиси и не се споредува со некој претходен

декември 31, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Далеку од очите на јавноста во партиските штабови се кројат новите изборни листи на кои ќе бидат имињата на потенцијалните нови народни избраници.

Како ќе изгледа новиот собраниски состав е рано да се знае иако, барем според информациите од македонскиот блок партии, не многу од актуелните пратеници ќе се кандидираат повторно.

Неколкумина од нив веќе јавно соопштија дека нема да продолжат со оваа работа туку дека ќе се вратат на своите професии или ќе имаат друг ангажман.

Но, како помина овој мандат 2016-2020, кој ќе заврши шест месеци порано?

Мандат исполнет со многу тешки ситуации и искушенија, но и предизвици.

Почна со упадот во Собранието и изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, кој воедно е и прв Албанец на оваа функција.

Упад во кој имаше повредени, меѓу кои и премиерот Зоран Заев, и во кој многу реално се покажа ранливоста на македонското општество, а загрозени беа и животите на други пратеници, новинари, вработени во собраниските служби.

Следеа судски процеси, но и процес на помирување и повторно приближување на политичките страни со цел земјата да почне да чекори напред кон евроатланските процеси.

Овој процес, кој беше поттикнат и следен од меѓународните организации, започна со средба на пратеничките, нешто што ќе се памети како позитивен чекор во парламентарните односи.

Потоа следуваа носењето на Законот за употреба на албанскиот јазик и други клучни закони, но најважниот, назјначајниот и најтешкиот процес низ кој мина ова Собрание беа уставните измени согласно договорот од Преспа и менувањето на уставното име од Република Македонија во Република Северна Македонија.

И повторно поделби.

Овој пат во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Осуммина нивни пратеници гласаа за уставните измени.

Меѓу нив и обвинети за настаните од 27 април, но и други.

Опозицијата обвини за уцени.

Но, потребното двотретинско мнозинство беше постигнато и евроатланските процеси беа одблокирани.

Последнава година од мандатот мина во блокади на закони, на избирање први луѓе на повеќе институции, на клучни закони како оној за трансформација на СЈО, на Законот за одбрана…

Мандатот на овој пратенички состав, доколку се одржат предвремени парламентарни избори на 12 април, ќе заврши на 12 февруари.

Веројатно ќе заврши налик на она што беше во изминативе години, со можни блокади на закони, на моменти долги и непродуктивни дебати, и со ловење на политички поени со цел што повеќе гласови на претстојните избори.

Собранискиот мандат низ призмата на собраниските известувачи

Мира Костиќ од Македонското радио, известувач со најдолг стаж од Собранието, смета дека овој парламентарен состав, тешко може да се  спореди со некој друг, исклучиво поради начинот на кој стартуваше, развојот на настаните и кулминацијата на 27 април 2017 година.

„Тоа се немаше случено во ниеден до сега, што ќе рече дека конститувните седници завршуваа брзо, наспроти речиси четиримесечната блокада и манифестираното насилство, што верувам кај сите создаде едно непријатно горчливо чувство. Така што и не беше изненадување продолжението на работата, иако имаше моменти кои измамуваа насмевки, благодарение на често неконвенционалното обраќање на спикерот кон колегите пратеници. Се на се, на многумина пратеници не им беше лесно, особено поради одлуките што требаа да ги донесат и да се издигнат над партиските интереси, но имаше и примери кога упорно се тераше партиската агенда „во корист на сопствена штета“, а најмногу на граѓаните“, вели Костиќ.

Оттаму, потенцира таа, и покрај одредени сличности, не можат да се направат споредби со другите состави, посебно не со првиот кој имаше
визија и мисија иако образовно просекот беше понизок од наредните, па и сегашниот.

„Се надевам ова ќе биде последниот транзициски парламентарен состав и очекувам наредниот да го скрши малерот на тврдењето дека секој нареден е полош. Очекувам и идните пратеници многу повеќе да водат сметка за интересите на оние што ги избираат и претставуваат отколку на партиските лидери, без оглед што токму тие, со актуелниот изборен модел,се главните „селектори“ за пратеничкото столче“, посочува Костиќ.

За новинарката и уредник во ТВ 24 Душица Мрѓа, ова е еден од најдраматичните парламентарни состави, но и еден од најслабите, со чест на ретки исклучоци.

„Драматичен, вака со еден збор може да се опише собранискиот состав, кој што е пред крај на својот мандат. Состав кој што стартуваше крваво, на работ на вонредна состојба, состав кој што донесе историски одлуки, но и состав што го тресеа скандали и контроверзни гласања, придружени со политички пазари како ниеден пред него. Промена на Уставот, а со тоа и промена на уставното име – оваа одлука на власта без поддршка од најголемата опозициска партија, но и со контроверзните „пазарења“ за да се стигне до неа – вечно ќе биде белегот на овој параламентарен состав. Неизоставен дел е скандалозната амнестија за дел од виновните за „крвавиот четврток“, вели Мрѓа.

На контото на владејачкото мнозинство, посочува новинарката, оди и контроверзното и надвор од процедура – игнорирање на над 35.000 амандмани за Законот за јазици од страна собранискиот спикер за кое тие не направија ништо.

„Не ги одмина ни аферата „Рекет“ во која е осомничена актуелната потпретседателка на Собранието Фросина Ременски, како и спорната телефонска снимка на Павле Богоевски, за која тој имаше доблест да си поднесе оставка“, наведува Мрѓа.

Роднинските вработувања и тендерите, како што додава, кулминираа на јавна сцена.

Опозицијата, пак, од друга страна, според Мрѓа, е своја приказна без крај.

„Пратеници раскарани со лидерот и партиското раководство, поделени на табори, со непотребни блокади за се и се што, дури и на закони кои требаше да бидат клучни за реформи во битни сфери. Многу често „летаа“ и предлози и иницијативи за се и се што за да има континуитет блокадата“, потсетува таа.

Скандалите со илјадниците евра патни трошоци, како што вели, не ги одминаа ни едните ни другите, ни третите…

„Тука и овие пратеници ја продолжија традицијата , да бидат единствени. И кога на крајот би требало да сумирам – еден од најдраматичните паралементрани состави, но и еден од најслабите, секaко сo чест на ретките исклучоци“, оценува Мрѓа.

Соња Николовска, собраниски известувач од Телма телевизија посочува дека во мандатот на овој парламентарен состав имаше две посебно тешки ситуации.

„Прво – контроверзен почеток. Четиримесечно тлеење и експлозија на 27-ми април. Експертите за решавање конфликти треба да го посочуваат за пример, откако ќе истражат како останаа три и пол години во иста сала оние со раскрвавени глави и искубани коси со оние што едвам упатија прекор за вршителите на насилството. Вториот кризен момент беше во октомври 2018. Мачната атмосфера кулминираше со гласање во доцните вечерни часови и со физичко дистанцирање на оние што не гласаа за уставните измени од оние што ги гласаа“, вели Николовска.

Политичката припадност на пратениците, продолжува таа, остана пресудна при носењето одлуки, како и во претходните години.

„Се навредуваат ако ги наречеш „гласачка машина“ за поддршка на партиските ставови, но малкумина се потрудија да го сменат таквиот впечаток“, смета Николовска.

Опишувајќи го функционирањето на Парламентот, таа вели дека и во овој состав, доминираа искусните „парламентарни волци“, кои вешто ги влечеа поентите на својата политичка опција и им контрираа на „оние другите“.

„Но, прво срамежливо, а потоа се поотворено, се наметнаа и „некои нови парламентарни ѕвездички“, главно од внатрешноста на државата. Очекувам тие да продолжат да „пливаат во собраниските води“ и во наредната година“, вели Николовска.

За собраниските известувачи од Собранието, посочува дека, цело време беа дел од собраниската приказна, а дел од нив се уште ја бараат правната сатисфакција затоа што безбедносните служби не ги заштитија при упадот од 27-ми април.

„Ако сакаме да се позанимаваме со себе, можеме да се пожалиме дека во прес-центарот нема греење или има малку компјутери, но поважно е дека имаме простор за наши активности, неограничено движење и солидна комуникација со пратениците без оглед на партиската припадност. Убава светлина на работната атмосфера фрла односот на првиот човек во Парламентот кон медиумите, редовните брифинзи и транспарентноста. Се надевам дека тоа ќе стане стандард од кој нема да се отстапи во наредните години“, оценува Николовска.

 

ИЗВОР: МИА
Елизабета Вељановска Најдеска

 

актуелно мандат собрание
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.