Собранието со 92 гласа за, ја донесе завршната оценка за буџетот за 2016 година откако пратениците од ВМРО ДПМНЕ се откажаа од збор.
Пратениците на денешната седница го разрешија и досегашниот генерален секретар на собранието, Жарко Денковски и на негово место ја изгласаа Цветанка Иванова, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ.
Претседателот на парламентот Талат Џафери попладнево ја прекина осмата седницата, а продолжението, како што рече дополнително ќе биде закажано.







