Собранието на Република Македонија денеска ја продолжува петтата седница на која како последна точка на дневен ред е изборот на заменици- министри во Владата
Оваа точка по барање на пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ вчера беше поместена како последна на седницата со цел пратениците да имаат повеќе време да се подготват за дебата.
Пред да расправаат за изборот на заменици- министри, пратениците во македонското Собрание ќе ги разгледуваат годишните извештаи за неколку институции, а ќе дебатираат и за граѓанската иницијатива за донесување на закон за изменување на Законот за работни односи со која се бара продолжување на породилното отсуство.







