Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Совет на амбасадори: Да се соочиме со предизвиците и храбро да зачекориме кон ЕУ
Македонија

Совет на амбасадори: Да се соочиме со предизвиците и храбро да зачекориме кон ЕУ

јули 12, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во овој критичен момент на европската историја обележена со инвазијата на Русија во Украина, унапредувањето на патот на нашата држава кон ЕУ е од клучно значење за иднината, стабилноста и просперитетот на државата, регионот и пошироко на Европа, Советот на амбасадори ги охрабрува проевропски ориентираните граѓани, невладини организации, политички партии, пратеници, новинари, интелектуалци, но и оние кои од недоволната информираност поради недостапност до вистински информации емотивно реагираа на францускиот предлог, да се соочиме сите заедно со предизвиците и храбро да зачекориме кон ЕУ.

„Во минатото почнувајќи од одржувањето на референдумот за независност, потоа влезот на нашата држава во ООН под референцата, преку усвојувањето на Охридскиот договор и реформите кои следеа во државата, како и усвојувањето на Преспанскиот договор, нашите граѓани, напредната интелигенција, политички партии и раководства и НВО донесоа правилни и историски одлуки со кои се трасираа нашите евроатлански интеграции, посочува Советот на амбасадори во денешното соопштение.

Советот смета дека е неопходно да се прифати европскиот компромис како важен чекор кој ќе ја приближи Северна Македонија кон членството во ЕУ со кој ќе биде надмината и блокадата од источниот сосед.

„Свесни сме дека компромисите понекогаш се болни отстапки, свесни сме дека во дипломатските преговори никогаш не се постигнува апсолутна сатисфакција на која било страна, но најзначајно за нашите граѓани е тоа што со „францускиот предлог“ се зацементирани и гарантирани македонскиот јазик и идентитет од страна на ЕУ, посочуваат од ова граѓанско здружение.

Советот воедно ја потсетува јавноста дека и европската конструкција и нејзиното функционирање било и е резултат на бројни компромиси, премрежија, отстапувања и договори.

„Совет на амбасадори е убеден дека ЕУ и нејзините членки и институции ќе бидат на висината на европските критериуми и вредности и нема да дозволат наметнувања на евентуално дополнителни интерпретации на тешко постигнатиот компромис со помош на ЕУ. Наеднаш искажуваме задоволство што во овие значајни историски моменти и покрај обидите на поединци, не се дозволи да се нарушат меѓуетничките односи, ниту да се наметнат некои други сценарија или алтернативи, бидејќи членството во ЕУ нема алтернативи. Горди сме што на патот кон ЕУ граѓаните од сите етнички заедници, дејствуваат сплотени и единствени кога се во прашање европските интеграции и зачувувањето на македонскиот јазик и идентитет, се наведува во соопштението потпишано од Извршниот одбор на Советот на амбасадори.

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно амбасадори предизвици Совет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.