Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, смета дека на тимот му треба време за да постигне резултати.
„Сите момци имаат голема желба да победат. Оваа состојба не е иста како и минатата сезона. Ние, всушност, создаваме нова култура која е должна да нè обедини. Исто како што Рим не беше изграден за еден ден, така и ние сме во процес на обнова. Имаме многу работа. Ќе го подобриме взаемното разбирање на фудбалерите“, изјави норвешкиот стратег.
„Црвените ѓаволи“ со осум бода го заземаат 11. место на табелата во Премиер лигата.







