Во Сомалија се поголем број деца умираат од глад поради најголемата суша во таа земја во последните 40 години.
Претставниците на сомалиската влада предупредуваат дека уште поголема катастрофа може да им се случи во наредните денови, доколку не пристигне поголема помош од меѓународната заедница.
Во Сомалија, повеќе од две третини од децата и бремените жени, раселени поради суша и во кампови, страдаат од акутна неухранетост, а висок е и процентот на смртни случаи поради глад, што покажува дека е задоцнета декларација против гладта во таа земја донесена од Обединетите нации.
Повеќе од половина од населението на Сомалија, кое е погодено од актуелната суша, се наоѓа во области под контрола на терористичката група „Ал Шабаб“, што ја отежнува испораката на храна и лекови во тие области.
Затоа се планира доставување помош по воздушен пат.
Американскиот Стејт департмент неодамна испрати нова финансиска помош за Сомалија.
(Фото: АП)