Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СОНК не отстапува, утре организира предупредувачки штрајк за повисоки плати
Во Фокусот

СОНК не отстапува, утре организира предупредувачки штрајк за повисоки плати

септември 1, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Синдикатот за образование, наука и култура-СОНК утре ќе организира предупредувачки штрајк во сите основни и средни училишта во земјава затоа што, како што рече претседателот Јаким Неделков, до денеска со МОН не е постигнат договор.

Одлуката за штрајк на првиот училиштен ден СОНК ја донесе на 23 август затоа што не се согласува покачувањето на платите на наставниците да биде 5 проценти, туку за онолку колку што е зголемена минималната плата во државата, односно до 25 проценти.

И покрај апелот на реосорниот министер Арбер Адеми утре настава да има, Неделков на прес-конференција подоцна соопшти дека е дефинитивна нивната одлука за предупредувачки штрајк утре, а настава ќе има од вторник.

СОНК овој месец ќе очекува преговори со МОН за да најдат заемно прифатливо решение, а ако го нема до крајот на месецов, можно е да организира генерален штрајк.

„Нашиот синдикат утре ќе штрајкува. Нашите членови и сите други кои не се наши членови, а сакаат да се приклучат кон штрајкот, ќе бидат во штрајк. Тоа значи дека ќе одат на работа, ќе бидат во просторија одредена за штрајк, но нема да ги извршуваат воспитно-образовните обврски и нема да ги прифаќаат учениците дојдени на училиште“, рече Неделков.

Очекува поддршка и од родителите, а во однос на нивната збунетост дали утре да ги пратат децата на училиште, одговори дека не е надлежност на СОНК, туку на училиштата да укажуваат или апелираат дали да доаѓаат или да не.

Притоа праша која е причината учениците утре да дојдат ако не бидат прифатени од наставниците и нагласи дека СОНК нема да биде одговорен ако се случи некоја несакана последица за здравјето и безбедноста на учениците.

Рече дека е зачуден и од локалните самоуправи кои за утре најавуваат приредби и свечености за првачињата како за нормално почнување на учебната година, а нивни извори, како што рече, им кажуваат дека се вршат притисоци врз наставници кои телефонски се повикуват утре да ги прифаќаат учениците.

„Вршењето притисок врз слободната волја на оној што решил да штрајкува е кривично дело и законски се казнува. До сите надлежни кои ќе се обидат да го опструираат или, условно речено, да го задушат штрајкот, апелирам да се преиспитаат и да не го прават тоа, зашто ако имаме материјални докази за таква работа, ќе поведеме кривични постапки“, рече Неделков.

Министерот Адеми претходно на прес-конференција ги повика директорите и наставниците да се подготват за утре да почне новата учебна 2019/2020 година.

Напомена дека се на иста страна со СОНК кога е во прашање материјалниот статус на наставниците и му порача на Синдикатот дека не се штрајкува кога има одлука за покачување од 5 проценти.

Рече дека за 10,8 проценти е зголемена платата на вработените во основните и средните училишта од август 2018 година, со покачувањето од 5 проценти ланскиот септември и за нови пет отсто овој септември.

актуелно повисоки плати предупредувачки штрајк СОНК
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.