Денеска е четврток, 16 февруари 2017 година, 47 ден од годината. Докрајот на годината остануваат уште 318 дена.
Сонцето изгреа во 6.30 часот, а ќе зајде во 17.06 часот.
Денот трае 10 часа и 36 минути.
Времето во Македонија ќе биде сончево. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус седум до еден, а дневната од седум до 13 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со утрински температури до минус три и дневна до 10 степени.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Во клисурите и засеците можна е појава на одрони заради што се препорачува внимателно возење и прилагодена брзина спрема условите на патот.
Поради штрајк на грчките земјоделци, преминот Евзони и понатаму е затворен за сообраќај.







