„Изутрина во седум часот во Берово се измерени – 7 степени, -6 во Битола, Струмица, Демир Капија и Дебар, -5 Скопје Петровец, Тетово, Прилеп и Виница, -4 Скопје Зајчев Рид, Штип, Охрид, Гевгелија и Маврови Анови, -3 Куманово, Кр.Паланка и Претор,…,“, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде сончево и тивко со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.
Утринската температура ќе се движи од минус десет до минус еден, а дневната од шест до 13 степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно, а попладне со локален слаб дожд, на планините слаб снег.
Ќе дува умерен северозападен ветер.
Минимална температура ќе биде во интервал од минус седум до два степена, а максималната од пет до до 12 степени.
В недела ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за слаб дожд на некои пониски места и слаб снег на планините.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Попладне облачноста ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од минус четири до четири степени, а максималната температура од четири до 10 Целзиусови степени.