Следните два дена времето ќе се задржи сончево и топло. Од среда следува период на облачно и посвежо време со локални врнежи од дожд и дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните и југозападните делови.
Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до шест, а максималната ќе достигне до 24 степени.







