Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во источните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Температурата ќе се движи од 11 до 35 степени.
Во следните денови се очекува зголемување на температурата, а според најавите на УХМР времето ќе биде сончево и топло, а температурата во делови од земјата за викендот ќе достигне до 39 степен.







