Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, преку денот најизразен ќе биде во источните делови на земјава и долж Повардарието.
Минималната температурара ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и ветровито.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Денес и утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе
услови опаѓање на температурата за неколку степени.
Во вторник времето ќе биде сончево со пониски утрински температури, а потоа ќе се задржи сончево и потопло време но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.







