Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Според прогнозата на УХМР, во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда, кога ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините, особено во северните делови–со врнежи од снег.